Стомак кај мажи

Стомак кај мажи

Зошто после 30-та се појавува чичковскиот стомак кај мажи

Епизода 613 – зошто после 30 години има поправање и пуштање стомак кај мажи? – прашање поставено од Мики

Нјаверојатно затоа што имаат за седење по кафани. Тоа е некако составен дел од балканскиот вид на маж :).  Шала на страна, но вистинскиот одговор на ова прашање има и друга логика. Во помлади години кога можеби не сме оженети, кога не сме вработени нормално е дека имаме поголеми активности. Повеќе излегуваме, повеќе се движиме, повеќе се дружиме со пријатели. Од друга страна веќе триестата година и  после триесетата година се случуваат животни промени. Ако си оженет многу мажи сметаат дека веќе нема потреба да се атрактивни. Повеќе ги нема на “пазарот” и полека се препуштаат на некои навики кои што се полесни. Во смисла да си поткаснуваат, да си се дружат во кафани, да си пијат повеќе алхохол.

Друга работа е што веќе приоритет станува работата. Не се бркаат можеби девојки, но се брка кариера, се бркаат повеќе пари. Сакаме да живееме во подобри куќи и станови. Сакаме да возиме подобра кола. И тоа е сосема во ред, но некогаш цената ја плаќаме со здравје.

Баланс

И не зборуваме за тоа дека треба нешто да се отфрли и да не работиш или да не бркаш можеби некои материјални работи. Целта е да направиш баланс. Активниот живот, здравиот живот, доброто чувство, повеќе енергија и подобро здравје дефинитивно ќе ти придонесе и кон тоа да направиш кариера и да бидеш по вложен во твојата работа. Затоа, тоа што многу луѓе мислат дека работата ги ограничува всушност е лажна приказна во која што веруваат. И ако мислите дека изговорот, “во гужва сум, работам на важен проект”, ќе ти оправда, тогаш се лажеш.

Телото не те прашува колку работа имаш. Од друга страна, физичката неактивност и особено одењето во кауч или на фотеља после работа дополнително ги усложнува работите. Не знам колку си запознаен но после триесетата година и на секоја декада се губат 3-9% на мускулна маса. Тоа значи дека ако ја губиш мускулната маса дополнително твојот метаболизам ќе станува се побаен. Во превод ќе согорува помалку калории. Колку повеќе мускул имаш ти во телото, толку повеќе твојот метаболизам троши во текот на денот калории.

Затоа губењето на мускулна маса дополнително придонесува за експоненцијално качување на килограми. Затоа ќе слушнеш дека луѓе после триесетата или триесет и петта година некако нагло ставиле килограми. Тоа е така затоа што се’ акумулираат лоши навики, доаѓа до моментум и до експоенцијално качување на килажата.

Каде е решението

Нема равенка. Едноставно навиките и континуитетот се решението. Одвојувај барем 20-30 минути. Ништо повеќе не ти е потребно за физичка активност. Колку и да работиш, јас точно знам што е динамичен ден. Секогаш имаш доволно време да појадуваш, да се организираш за да имаш редовност на оброци на секои 3-4 часа и да пиеш доволно вода. Тоа се некои мои размислувања кои што можам да ти ги споделам, а доколку ти фали мотивација и ти треба помош и поддршка дојди на школа за исхрана и среди ја исхраната за секогаш.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.