стопи сало околу стомак

Стопи сало околу стомак

Постои ли можност да таргетираш да се’ стопи сало околу стомак

Епизода 605 – како најбрзо да намалам 10-тина килограми, особено да се’ стопи сало околу стомак и гради? – прашање поставено од @alek.pavlovski.

Не знам зошто ни е толку важна брзината и зошто треба да биде најбрзо? Фокусирањето на време, односно колку побрзо да намалиш и колку повеќе да намалиш, најчесто е погубно. Кај луѓето прави паника и избираат погрешна стратегија и некаков скратен пат кој што завршува со “ќорсокак”.

Што ти е целта

Проблемот со фокусот на брзината е тоа што најчесто доаѓа од погрешно поставена цел. Доколку имаш за цел да намалиш брзо поради некаков настан (свадба, матуркска, одмор…) тоа значи дека ти е важно што другите ќе мислат и ќе речат. Ако ти е важно само тоа како ќе изгледаш пред другите луѓе, тогаш тоа нема врска со тебе. Твоите цели и тоа што ти го сакаш не е тоа што другите луѓе го сакаат. Луѓето кои ја користат оваа стратегија често ги враќаат назад килограмите. На долг рок не прават ништо посебно и одржливо како резултат и изглед.

Затоа јас би ти рекол прво да го тргнеш зборот најбрзо, а второ да го тргнеш зборот гради, стомак, колкови и.т.н. Запамети дека не постои таргетирање на мастите во телото. Не можеш да кажеш дека со овој начин на исхрана или со овие вежби ќе таргетираш конкретна точка во телото за да топиш масти. Се работи за целокупен процент на масти, така да она што што константно го кажувам како моја филозофија важи и сега. Тоа значи појадок, редовност на оброци, пиење на вода е едноставно стратегијата што ќе ти даде и на тебе резултат. Ниту јас ниту било кој друг би ти дал никакво магично стапче, или би ти ја кажал тајната како најбрзо до 10 килограми помалку и како баш кај гради и кај стомак да намалуваш. Тоа не постои!

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.