тегови и малолетник

Тегови и малолетник

Тегови и малолетник – правила за непречен раст и развој

Епизода 637 – дали комбинацијата на тегови и малолетник може да биде штетно? – прашање поставно од @petrovaaa_

Многу родители и многу повозрасни луѓе се плашат нивните деца да креваат тежини. Не само ако вежбаат фитнес, туку уште повеќе ако користат суплементација, прашоци, протеински шејкови и.т.н. Едноставно сме задоени со одредени сфаќања и митови и стравови кои што од порано ни биле пласирани дека тоа е хемија, дека може да биде опасно, дека кревањето на тежини може да ти придонесе да имаш намален раст и.т.н.

Во секој случај не треба да се претерува и не треба да се дигаат преголеми тежини. Најдобрата формула за да знаеш дали претеруваш со тежини и како да си обезбедиш нормален раст е следна. Да речеме дека за возрасен човек подразбира да се прават од одредена вежба по 4 серии од по 8 до 12 повторувања. За луѓе кои што се под 18 години се препорачува да не прават повеќе од 2 серии и не повеќе од 10 повторувања. Притоа кога ќе завршат со серијата или со повторувањата не треба да чувствуваат умор. Уморот и задишувањето значи дека веќе телото се напрегнало.

Зошто овакви правила

Не се работи за тоа дека тегови и малолетник не се комбинираат. Проблемот не е напрегнувањето и напорот туку проблемот е што до 20 години телото доживува голем раст. Се развива и тоа значи дека со огромна брзина се менуваат коски, мускули, ткива и органи. Се се’ случува многу побрзо за разлика од адолесцент и доколку се преоптеретуваш со големи тежини и притоа правиш големи повторувања може да дојде повреди. Можеби ќе придонесеш за некакви искривувања на ‘рбет.

Ова е особено изразено во пубертет, кога мислиме дека можеме се и дека знаеме се. Мислиме дека сме возразни и зрели, па знаеме на своја рака да носиме одлуки. Тоа носи ризик да вежбаме неправилно затоа што едноставно не слушаме совети од покомпетентни луѓе. Ние сме нели најкомпетентни и бунтовни :). Tоа е мојот совет и се надевам дека ќе го прифатиш ако се пронаоѓаш.

Воопшто не треба да ти биде страв од физичката активност и од добра исхрана или користење на суплементација. Тоа воопшто не може да му донесе негативни последици на телото, но ова се некои препораки за да внимаваш и да не се преоптеретиш затоа што сеуште телото ти е во голем раст и развој .

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.