факти за кожата

Факти за кожата

Факти за кожата – што значи мрсна или сува кожа

Од неколку информации и факти за кожата ќе почнеме со првиот и највпечатлив. Кожата е нашиот најголем орган. Не’ штити од сите штетни влијанија како студ, топло, вода. И кожата како и сите други органи има потреба од храна, кислород и вода. Денес ќе се осврнеме на неколкуте најпознати етикетирања на кожата.

СУВА КОЖА

Мислите дека имате сува кожа? Знак за сува кожа се суви делови на кожата, неизедначен тонус на кожатa и/или несјаен тен и помали пори. За сува кожа треба да се става хидрантен крем и богат ноќен крем. Редовно правете ексфолијација на кожата за полесно отстранување на мртвите клетки. Тоа ќе ѝ даде на кожата здрав сјај и производите за нега на кожа ќе може полесно да навлезат во кожата и ќе ѝ ја дадат влажноста што ѝ е многу потребна.

МРСНА КОЖА

Мрсната кожа обично се карактеризира со прекумерно таложење маснотии (себум) во Т-зоната на челото, носот, брадата и образите. Земете си млеко за чистење или за тонирање за да го отстраните и контролирате прекумерното мрсење на кожата. Кај овој тип кожа доста често има видливи пори; за тоа може да помогне ставање на маска еднаш неделно. Што е предноста? Кај луѓето со мрсна кожа брчките и линиите се многу помалку забележливи.

КОМБИНИРАНА КОЖА

Кожата што не е ниту сува, ниту мрсна се смета за нормална кожа, а кожата што има карактеристики и на сува и на мрсна се нарекува комбинирана. За овој тип кожа, изберете млеко за чистење со кое се третира или сувоста или масноста на кожата (зависно од тоа што е повеќе застапено) и следете го преостанатиот дел од режимот за нега според упатствата. Може да се користат производи што се користат еднаш неделно, како што се ексфолијанти и маски, за да се третираат конкретни делови или целото лице, зависно од кожата.

Остави коментар

Your email address will not be published.