фитнес за мускулна маса

Фитнес за мускулна маса

Дали е задолжително да вежбаш фитнес за мускулна маса

Епизода 672 – дали морам да вежбам фитнес за мускулна маса? Дали е доволно само исхрана и ако не, какви суплементи треба да внесуваме? – прашање поставено од @brankica 3148

Бранкица, ти воопшто не мора да правиш фитнес. Ако по дефиниција знаеме дека мускулната маса се развива доколку правиме вежби со оптеретувања, во тој случај тие вежби со оптеретувања никаде не пишува дека мора да се фитнес. Таквите вежби може да подразбираат и вежби со твоја тежина. Вежбите со отпор може да подразбираат и вежби во парк на шипки. Може да подразбираат и вежбање дома затоа што потребни ти се мал број на реквизити за да постигнуваш овакви цели.

Доколку сакаш да качуваш на мускулна маса не може само со исхрана и седење. Потребно е оптеретување за мускулите. Во делот на исхраната имам зборувано и претходно. Она што јас би ти го препорачал е да создадеш суфицит, односно да внесуваш повеќе калории од тоа што телото троши. Исто така прво нешто што треба да запазиш најмногу е протеин. Тоа не значи дека другите хранливи вредности треба да се исфрлат, но протеинот е најважен. Исто така ти требаат и  јаглехидратите во малку поголеми количини. Качувањето на мускулна маса не може да биде поддржано без јаглехидрати.

Како ќе изгледа процесот

Во овој период најверојатно ќе покачиш и некој процент на масти. Сепак, не си толку искусна да правиш т.н. clеаn bulk – терминологија што ја користат луѓето инволвирани во фитнес. Така да било какви тренинзи и вежби кои што вклучуваат оптеретување и работа со тежини ќе ти помогнат. Не зависно дали е фитнес или дома или на шипки со своја тежина.

За суплементација ако мене ме прашуваш јас би ти дал зелено светло. Користење на протеински шејкови и/или гејнер ако сакаш да го поедноставиш процесот и можеби користење на креатин. Креатинот нема да придонесе за мускулната маса туку дека ќе ти придонесе и даде повеќе енергија и ќе ти го поедностави процесот на вежбање за целта што ја имаш. Извини што не можам да ти дадам точни насоки и детали како тоа треба да изгледа во текот на денот затоа што имам премалку информации за тебе. Ако ти треба можеби поиндивидуализиран совет обрати ми се назад и ќе се потрудам да ти помогнам или приклучи ни се во школа за исхрана.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.