цигари и вежбање

Цигари и вежбање

Дали можеш да компензираш цигари и вежбање

Епизода 616 – дали комбинацијата на цигари и вежбање претставуваат проблем?  – прашање поставено од @yugo1skala101

Не мора да вежбаш. Цигарите секако ќе ти претставуваат проблем :). Но, кога се работи еве за вежбање многу луѓе постајно се надеваат, а претпоставувам и ти сметаш дека твојата добра навика – тоа што вежбаш ќе го компензираш со пушењето на цигари. Многу ми е жал, но суровата вистина гласи “многу се лажеш”. Дури може да биде и повеќе опасно и штетно наспроти пушењето цигари и не вежбањето.

Метаболизмот во позадина

Ова се случува затоа што пушачите и луѓето кој што постраствено се’ во љубов со цигарите имаат момент кај што нивната крв се згуснува. Таков ефект придонесуваат многуте отровни материите кои што ги земаат од согорување на цигарите. Во оваков случај протокот на крв не може да се обавува толку брзо како што се обавува при непушење. Од друга страна, пушењето цигари ги стврднува артериите и вените, односно ја намалуваат еластичноста на крвните садови. Со тоа дополнително се’ отежнува протокот на крв. Добриот проток е многу потребен и важен кога човек е физички активен. Протокот на крв овозможува доволно кислород и доволно хранливи материии да доаѓаат до клетките. Така всушност се снабдува телото со енергија и ти е потребно за да можеш да го издржиш тренингот.

Од друга страна штети затоа што пушењето на цигари се поврзува и со придонесувањето на намалено лачење на тестостерон. Тоа е хормон кој што исто така е важен за развивањето на мускулна маса, особено кај нас мажите. Дефинитивно не треба други факти и други зборови да употребуваме за да ти е јасно и за да си свесен дека цигарите и без да вежбаш секако се штетни. Дури и во случаеви кога вежбаш се’ и уште повеќе штетни. И за крај еве да имаш и малку надеж и добро чувство. Јас можам да разберам од време на време по некоја цигара за друштво или со чаша алкохол, но секојдневното консумирање и сам знаеш каде води :).


Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.