што е глутен

Што е глутен

Што е глутен – дали треба да го исфрлам во целост

Многу фама постои за оваа состојка, но дали знаеме што е глутен всушност. Глутенот е протеин кој најмногу го има во интегрална пченица, ‘рж и јачмен. Тој на телото му овозможува да го храни мускулното ткиво и да создава хормони и ензими.

Каде го има

Кога консумираат зрнеста храна, луѓето често се жалат на надуеност на стомакот. Таа тегоба се намалува кога ќе престанат да јадат храна богата со глутен. Исто така, глутен се додава во многу процесирани продукти затоа што дава убава текстура. Тој се користи како стабилизатор и згуснувач. Tоа значи дека исхраната без глутен често значи да се исфрлат многу видови брза и процесирана храна. А, тоа секако се подразбира под правилен начин на исхрана ☺.Особено и често знае да се појави во најразлчни сосови и т.н. дресинг за салати. Голем број луѓе губат тежина како резултат од исфрлање на овакви сосови и калорични додатоци. И притоа сметаат дека разликата е во глутенот, што е можеби причината за ненадејниот ентузијазам за овој тренд во исхраната.

За секого е добро колачињата, бисквитите, белиот леб, пецивата и грицките да ги исфрли и да ги замени со интегрални зрна што не содржат глутен.

Само 1-2% од луѓето и земјината популација имаат вистинска интолеранција на глутен, познат како целијакија. Во тој случај и навистина треба да се претпазливи и добро да читаат и да разбираат етикети. Глутенот може да биде прикриен на етикетата и да биде прикажан како растителен протеин, модифициран прехранбен скроб или слад додаден за вкус.

Истко како и кај лактозата. Има луѓе кои што не можат да ја обработуваат добро и им јавува најразлични реакции. Но, тоа не значи дека сите треба да ја исфрлиме лактозата. Има луѓе кои се алергични на одредени продукти и повторно тоа не значи дека треба сите да ги исфрлат од страв дека ќе се јави алергија. Квалитетната исхрана на крај на денот не подразбира исфрлање туку богатење на менито!

Остави коментар

Your email address will not be published.