шумливи таблети

Шумливи таблети

Дали суплементација и шумливи таблети носат бенефит

Епизода 651 – Кое е твоето мислење за витаминските шумливи таблети? – прашање поставено од @filip.g6

Нема овде мое мислење, бидејќи не сум јас тој кој што ги поставува правилата. Најдов нешто што зборуваат докторите и науката. Постојат неколку научни студии, но онаа која што мене ми беше најинтересна ќе ти ја споделам.

Прва работа, без разлика дали се шумливи таблети или стандардни многу е симптоматично користењето на суплеметнација за витамини и минерали. Едно нешто ние луѓето можеби не го разбираме или недоволно го познаваме. Телото никогаш не можете да го однесете во ситуација кај што има премногу витамини и минерали. Или да го однесете на пример во состојба да има преалкална средина. Тоа е невозможно. Телото секогаш ќе се труди да ги донесе работите во неутрала. Тоа значи дека ќе се труди да има неутрална PH вредност и да не биде ниту кисела ниту алкална.

Така, доколку можеби некој витамин или минерал штрчи – народски кажано, односно го има во поголеми количини, ќе се труди да го донесе во нормала. Пречестите скокови и презаситеноста со витамини и минерали научно е докажано дека може да бидат контрапродуктивни. Дури може да ги потпомогне воспалителните процеси и напротив да го загрози здравјето. Затоа науката вели да ги снабдуваш витамините и минералите преку овошје или зеленчук, односно преку природните извори на храна.

Кога и како да сумплементираш

Не значи дека не треба да суплементираш некои одредени хранливи вредности како што се протеин, омега 3 и.т.н., но кога се работи конкретно за витамини и минерали многу е тенка границата.

Втора работа која што може да биде ризична е тоа што премногу купуваме витамини и минерали кои што имаат високи концентрации. Купуваме витамин Ц кој што има 1000 милиграма. Телото не може тоа да го обработи и некогаш ќе биде многу контрапродуктивно. Уште еден недостаток е тоа што најчесто купуваме исклучиво едно-нутритивни витамини и минерали како што е само калциум, само витамин Д, само цинк, само витамин Б итн. Во природата никаде нема да најдеш  продукт кој што ќе го скинеш и ќе има само еден витамин или минерал. Сите плодови се комплекси, затоа што телото подобро така ги обработува.

Доколку веќе бираш некаква суплеметнација, гледај да биде комплекс. Нека биде мултиватимин или мултиминерал со 15 или 20-тина различни витамини и минерали и да бидат со многу помалку концентрации затоа што тоа е многу подобро за твоето тело.

Мене ако ме прашуваш, јас не користам суплементација витамини и минерали. Суплементација користам протеин, протеински шејкови, омега 3, алое вера и растителни влакна, но витамини и минерали никогаш. Особено не сум фан на шумливи, затоа што науката вели дека шумливите таблети и нивниот состав многу ја оштетува глеќта на забите. Така да ако веќе бираш суплементација моето конечно мислење и став е дека не треба да биде нешумлива таблета. Исто така да биде со многу помали концентрации и да биде комплекс од повеќе витамини и минерали.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.