јаглехидрати и протеини

Мешање на јаглехидрати и протеини

Која е логиката позади советот да не комбинираш јаглехидрати и протеини

Епизода 705 – Скоро сите нутриционисти советуваат поделба на јаглехидрати и протеини. Се наметнува да не се мешаат па сакам да знам дали е толку од витална важност така да се храниме и за слабеење и за одржување на здрав начин на исхрана. – прашање поставено од Дивна.

Добрата исхрана не подразбира исфрлање и поделба. Добрата исхрана подразбира богатење на твојот ден со хранливи вредности. Природата никаде не ги дели протеините и јаглехидрати. Денес многу луѓе се преоптеретени со тоа како изгледаат и сакаат за што пократко време повеќе да ослабат. Во глава си наметнуваат некои диети кои што се со краткорочен ефект и ветуваат чуда. Но истите тие се со многу подолгорочни лоши последици.

Еве како тоа изгледа во пракса. Најчесто од пријателки или од колешки ќе слушнеме нова диета. Сите тие имаат некакво ограничување, рестрикции, поделби по денови, јадење во саат. Со еден збор се живее во режим, а тоа никој од нас не го сака и едвај чека да заврши за да живее нормално.

Зошто е глупост ова тврдење

Ти во природата никаде немаш стриктна поделба. На пример, ако го земеш оризот кој што го квалификуваме како јаглехидратен извор ќе видиш дека и во него имаш протеин. Истото се повторува и во компирот и пастата. Секаде имаш протеин. Таа поделба на јаглехидрати со протеини прво не прави логика во природата. Втора работа, ако сакаш да слабееш побрзо подобро е да јадеш протеин како месо, јајца, во комбинација со салата и да не земаш јаглехидрати. Но тука се работи за исхрана со намалени јаглехидрати (low carb), а не за поделба на нутриентите.

Јас сум секогаш за начин на исхрана што ќе ти носи резултати бавно и одржливо. Барањето на брзина и на количина на ослабнување секогаш е најголемата замка и стапица за многу од вас. Секогаш има некој што повеќе и побрзо слабее и секогаш во вашата глава се раѓа сомнежот дека неговата/нејзината диета е подобра. Целата фела на луѓе кои што советуваме околу исхрана не треба да ви ги комплицира работите туку да ви даваме поддршка и ветер во грб. На никој од вас не му фалат информации или персонализираната диета. Она што недостастува се континуитет и поддршка, и тука завршува се. Верувам дека ќе ти помогнам да го смениш тој филм во глава околу диетите, и ако ти треба помош пиши ми назад и ќе поразговараме назад за твојот ден .

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.