јајца секој ден

Јајца секој ден – дали ќе нанесат штета

Холестерол, килограми или ништо – јајца секој ден?

Епизода 603 – дали е добро да се јадат варени јајца секој ден? – прашање поставено од @tea.stojanovska

Добро е дефинитивно. И јас изминатиот период, односно се работи за период од три или четири месеци каде што секој ден имам 3-4 јајца минимум. Ги јадам комплетно со жолчка и белка. Најголемиот страв зошто луѓето сметаат дека со јајцата ќе си направат штетат е поради табу темата која што од порано ни е пласирана дека жолчката го покачува холестеролот.

Она што се’ почесто се’ зборува и научни студии го тврдат е дека таа филозофија е неточна. Мастите, жолчката, мрсното месо и.т.н имаат многу помал удел во покачувањето на холестеролот. За разлика од шеќер, пушење и немање на физичка активност, внесот на масти и холестерол преку исхраната телото може да го ракува.


НАМАЛИ ГО ХОЛЕСТЕРОЛОТ


Како се создава холестеролот

Имено црниот дроб доколку забележи дека потребните нивоа на холестерол се задоволуваат преку исхраната, тогаш нема да произведува дополнително. Од друга страна, трите работи кои што ги спомнавме погоре (шеќер, пушење и физичка пасивност) ти се најголем причинител за појава на холестерол. Кога се внесува премногу процесирана храна и токсини од цигари почнува еден процес наречен гликација. Овој процес ги оштетува зидовите на крвните садови, а црниот дроб во трка да ги заштити лачи холестерол за да ги “залепи” оштетените делови. Така се создава таканаречениот лош холестерол.

Така да не се секирај за јајцата. Слободно конзумурај ги. Продолжи да ги јадеш цели заедно со жолчка и белка. Тие се одлични по состав. Имаат и протени и минерален состав, така да конзумирај ги и воопшто не се плаши. И не заборавај да балансираш со незаситени масти, особено омега3. Она од што треба да се плашиш во врска со холестерол е шеќерот и цела таа процесирана храна за која напоменав и погоре.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe.

Остави коментар

Your email address will not be published.