100% природно

100% природно

Колку е навистина 100% природно

Епизода 646 – дали сокови на кои што пишува 100% природно може да ти предизвикаат штета? – прашање поставено од @mkdeop

Дефинитивно ќе ти предизвикаат штета ако ги користиш континуирано. Тоа 100% природно е огромен маркетиншки трик и глупост затоа што не знам што е таму 100% природно. Искрено може е до некаде природно. Не знам што користат производителите. Можеби 10% од смесата е вистинско овошје, но сепак и тогаш тоа е далеку од здраво. Никогаш не сум бил фан на сокови и не сум пиел било какви засладени пијалоци. Затоа и не знам која е штетата, но дефинитивно знам дека не е добро :).

За најдобриот начин да видиш дали е добро за тебе заврти позади на етикетата. Доколку има повеќе од 20 гр. шеќер на 100 гр. продукт тоа значи дека воопшто не е здраво. Тоа дефинитивно може да ти донесе штета бидејќи големата количина на шеќери е еден од најголемите загрозувачи на здравјето на нашето тело. Исто така доколку соковите можеби ти се извор на течност во овие топли летни денови и ако на тој начин се оладуваш, јас би те советувал да го смениш тоа. Пробај направи замена можеби со смути, или замена со вода и цеден лимон, портокал и слично цитрусно овошје. Тоа е многу подобра опција, а соковите стави ги на страна бидејки изобилуваат со многу “хемија” и дефинитивно не треба да ги видиш во твоето тело.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.