24 часовен фастинг

24 часовен фастинг кај мажи и жени

Дали повеќе од 24 часовен фастинг е добра стратегија за автофагија?

Епизода 731 – дали според тебе е добро да правам 24 часовен фастинг еднаш неделно или тоа да биде еднаш месечно? – прашање поставено од Мартина.

Мартина, иако ти одговорив на инстаграм во порака, сепак ќе дадам и тука одговор. Знам дека многу луѓе го имаат ова прашање во глава поврзано со постење. Знаеш и ти сама, а и оние кои ме следите знаете дека минатиот викенд го искористив да направам експеримент со тој fasting. Идејата ми беше да пробам 72 часа, но не успеав до крај. Тоа сепак беше моја лична одлука, но како и да е стигнав до 48 часа. Првите 24 часа беа добри, вторите 24 часа беа ужас.

Има голема разлика ако си маж или девојка. Она што докторите скренуваат внимание е да си особено претпазлива со fasting над 24 часа. Кај вас девојките постои ризик да си направите пореметувања во сигналниот или хормонален механизам. Особено може да биде ризично доколку можеби планирате набрзо бременост или во моментов сте во бременост или доење. Во тој случај се препорачува да не се прави таков долг fasting воопшто.

Еднаш неделно или еднаш месечно?

24 часа за девојка мислам дека е сосема доволно и не би требало да го правиш подолго. За тоа дали да го правиш еднаш неделно или месечно, јас би ти рекол еднаш месечно. Сметам дека за девојките нема да го има тој ефект на автофагија како што можеби би го имале ние мажите. Еднаш месечно е сосема доволно и доколку на некој од вас му е попрактично да го прави intermiten fasting  на 16 часа нејадење па 8 часа период во кој може да консумирате храна, тогаш правете го тоа. Но, повторно и овде јас би правел четери дена 16 со 8 и три дена со појадок и редовни оброци. Така ќе го заштитиш метаболизмот од забавување.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.