citrulline malate

Citrulline Malate

Како бенефити може да ти донесе користењето на citrulline malate

Епизода 678 – дали е добро да се користи и како да се користи citrulline malate? – прашање поставено од @cappone007

За оние кои што не знаат што е овој суплемент ќе ви дадам краток вовед. L-citrulline  е аминокиселина. Citrulline malate  го добива името затоа што во таа аминокиселина се додава подоцна јаболкова киселина. Во таква форма кога се внесува во телото ги потикнува и ги зголемува нивоата на една друга амино киселина која се вика аргинин. Истата овозможува подобра продукција на една друга  молекула што се вика азот моноксид. Оваа молекула на азот моноксид е клучна за да имаме подобра еластичност на крвните садови и подобар проток на крв.

Бенефити и дозирање

Со самото тоа кога овозможувате подобар проток на крв, овозможувате и повеќе храна и кислород за мускулите. Овој суплемент може да се се најде во продавници кои што продаваат суплементација за спортисти или во самите теретани и фитнес центри. Ако мене ме прашуваш јас не го користам. Имам неколку пати пробано и за моите родители, но тоа е прашок од азот моноксит од еден производ кој што се вика niteworks. Докторот кој што го измислил сето тоа има добиено Нобелова награда за медицина и тоа е направено во 1998 година.

Иако citrulline malate го немам користено она што го видов како дозирање е 8 грама пред вежбање. На самите етикети на продуктите пишува со сигурност. Она што можеш да очекуваш е дека ќе ти даде повеќе енергија и ќе ти донесе повеќе кислород што е многу важно за мускулите. Но, повторно тоа не значи дека суплеменот ќе ти ја заврши работата. Ти треба да внесуваш доволно калории и протеини и во самата исхрана која што ја имаш во текот на денот. Не е важно само да го земеш суплементот и да одиш да извежбаш. Нема сам по себе тој да ти ја заврши работата, туку само ќе ти помогне за поедноставување на процесот.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.