fasting

Fasting

Дали FASTING е за тебе

Епизода 638 – како да се прекине и дали за време на fasting е добро да се вежба? – прашање поставно од @makuuuuu и @nikipikisipi

Како и колку обемен може да биде првиот оброк? Дали да се вежба или да не се вежба? Кога да се престане со fasting? Ова е многу голема тема која што не можам да ја опфатиме тука наеднаш. Сепак јас ќе дадам некои насоки за кој што најдов научни потврди и студии. Постењето т.е. fasting-от, независно дали ќе го распоредите како 16 – 8 или ќе биде 20 со 4, 22 со 2, дава добри резултати.

Најмногу луѓето го користат за намалување на масти. Тоа е број 1 причина зошто луѓето се одлучуваат на овој чекор. Го користат и  за општо здравје, за покачување на мускулната маса. Функционира за сите 3 опции и цели. Но, се разбира има насоки и упатства кои што зависат од вашата цел. Дефинитивно е добро и за здравјето и за мускулите и за топењето на масти.

Она со кое што јас не се сложувам е што многу често луѓето го избираат fastingot како уште една опција. Сакаат да видат дали ќе им профункционира во битката за топење на масти. Јас сум сигурен дека е подобро тука да има некаква градација, односно луѓето прво да пробаат да се навикнат на активен животен стил. Да се навикнат на здрав животен стил со правилна исхрана, па подоцна да пробуваат поекстремни начини на исхрана кои што бараат искуство и континуитет.

Постењето и не е така страндарден начин на исхрана. Бара да речеме 16 часа да гладуваш во текот на денот и да пиеш само вода или зелен чај и кафе без никакви засладувања.

Дали да вежбаш во време на fast

Има повторно различни одговори, но пред да ти ги дадам сакам да споменам две фази и состојби во телото. Една се вика MTOR, и е практично забавата во телото. Toa е состојба во телото во кое што има изобилство од храна и калории и хранлива вредност. Тогаш се случува телото да создава нови клетки, да растат мускулни влакна, едноставно да функционираат сите процеси. Има една друга состојба која што се вика AUTHOPHAGY и таа значи дека се случува рециклажа и чистење, народски кажанo.

Вежбањето е многу добро додека си во fast затоа што му правиш огромна контрадикција на телото. Му правиш рециклажа, но  истовремено поттикнуваш и MTOR состојба. При такви фази се случува многу брз раст на клетките и во исто време многу брза рециклажа.

Како да прекинеш со fasting

Доколку можеби го користиш постењето за општо здравје, се смета дека најдобар начин да го запреш постењето е со супа во која што ќе свариш коски и ќе додадеш јаболков оцет. Доколку можеби го користиш постењето за намалување на масти, во тој случај најдобро е да се користи MCT масло од кокосово масло. И доколку можеби целта ти е да зголемуваш мускулна маса во тој случај најдобро е да го запреш постењето со храна со висок гликемиски индекс. Тоа значи храна која што има многу брзи шеќери, за да го вратиш гликогенот во мускулите и притоа да не придонесе прекинувањето на постењето да намалуваш мускулна маса.

Има уште многу да се зборува за постењето и дефинитивно е добро да си ‘поиграш’. Но, повторно мојот совет е прво да воспоставиш начин на исхрана. Постојат многу луѓе кои не биле активни, или биле повремено активни или немале добар и правилен начин на исхрана или пак имале 10 килограми вишок. Притоа ако одберат да го пименуваат fasting-от, јас сум сигурен дека тоа нема да биде на долг рок. Најверојатно ќе биде уште една проба и една диета која што откако ќе заврши, повторно ќе се вратат килограмите назад.

Затоа прво воспоставете добар начин на живот, научете си го карактерот дека ќе се одредите на поактивен и поправилен начин на живот и на исхрана. Потоа играјте си дали со fasting, дали со кето, веганство и.т.н. Многу ќе ви биде поедноставно и ќе видите и ќе го најдете начинот на исхрана кој што ќе се вклопи најдобро за вас, за вашето време и за вашиот карактер. Исто како за се’ друго во животот.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.