step aerobic

Step Aerobic

Што се придобивки и какви очекувања да имаш од step aerobic

Епизода 639 – колку е ефикасен step aerobic-от? – прашање поставено од @doneva.sara

Супер ефикасна е оваа дисциплина. Многу стара дисциплина која се појавила уште во 1980 година во САД. Мислам дека аеробикот и степ аеробикот се едни од дисциплините кои што многу долго се имаат задржано. Нивната популарност можеби не е таква како порано, но дефинитивно не е опадната фреквенцијата на вежбање. Многу студија во нивниот распоред и ден денес сеуште имаат степ аеробик со полни групи и народ, најчесто од женската популација.

Најмногу бенефити ќе имаш на кардиоваскуларно здравје, на јадрото на телото и на нозе. Дефинитивно е можеби едно од топ 3 дисциплини кои што се добри за луѓе кои што почнуваат со физичка активност и пред тоа активноста им била непозната тема. Тоа е така затоа што има доста основни движења, се работи во група што е многу полесно да те мотивира. Друга предност е тоа што те води тренер напред и исто така често се работи со музика што е дополнителна мотивација.

Тоа не е единственото потребно

Е сега откако заклучивме дека е одлична дисциплина и доколку тебе ти одговара слободно практикувај ја. Она што сакам да ти го потенцирам е дека не треба да ја земеш здраво за готово оваа дисциплина мислејки дека е најдоброто нешто за да намалиш масти или да постигнеш било каков телесен резултат. Не се работи за дисциплината. Со ниту една активност не може да имаш контра ефект, но она што многу често луѓето го прават е дека очекуваат со физичката активност од три пати неделно да си ги исперат сите гревови :). Тоа не функционира така.

И се разбира ако тоа е компонирано со добар начин на исхрана, тогаш ќе видиш вистински резултати. Исхраната е во многу поголем процент поважна отколку самата физичка активност.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *