whey протеин

Whey протеин

Што кога whey протеин ти прави мачнина

Епизода 643 – дали да се продолжи консумацијата на whey протеин иако создава потешкотии на стомакот? – прашање поставено од @blazevskirobert

Jас мислам дека нема никаква логика консумираш нешто што ти прави проблем доколку сакаш да суплементираш некакви вредности за телото. Телото не го интересира на кој начин ќе ги набавиш аминокиселините и протеинит што се потребни за регенрација после вежбање. Единствено што го интересира е да ги добие :).

Затоа суплементирај на начин што нема да ти придонесе и да се мачиш. Денес барем во 2019 имаме толку начини и извори како можеш да обезбедуваш протеин за твоето тело во вид на прашок доколку користиш суплементација за после вежбање. Имаш многу вегански опции кои ќе те оттргнат од  whey протеинот и од лактозата која што кај многу од вас знае да прави проблем. Постои протеин од бадем, протеин од грашок или протеини со различни вкусови од растително потекло. Немој воопшто да продолжуваш единсвтвено доколку ти е пријатна болката и чувството :). Немој да се плашиш дека без  whey протеин и без млечни продукти неможеш да надокнадиш протеини во телото.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.