килограми или изглед

Килограми или изглед

Што повеќе кажува за тебе – килограми или изглед

Епизода 631 – како е можно во килажа да сум помалку, а да изгледам подебело – килограми или изглед мами? – прашање поставено од @ivancita7

Многу е можно, нормално и секојдневно тоа. Јас константно зборувам со луѓето со кои што работам да ја заборават вагата засекогаш. Бројката на вага не покажува и одредува ништо за тебе од причина што она што реално ти смета кога зборуваме за изглед е огледалото, а не вагата. Никаде во бутик кога одиш не те прашуваат колку килограми имаш, туку те прашуваат кој конфекциски број го носиш. Тоа по автоматизам значи дека килажата нема врска со составот на килограмите. Многу поважен е твојот состав на килограми, односно колку има масти и колку има мускули.

На пример тоа најмногу може да се забележи и увиди кај луѓе кои што посериозно се занимаваат со фитнес и со боди билдинг.  Можат да тежат и над 100 килограми, но затоа што нивниот состав во килограми е во голем дел мускули, тие  не изгледаат дебело туку само изгледаат развиено и фит.

Зошто ти се случува

Доколку во изминатиот период од 4 до 6 месеци си немала редовна физичка активност. Доколку притоа не си припазувала баш на исхраната, има голема веројатност да се смени телесниот состав. Тоа всушност значи дека ќе покачи процентот на масти во телото. Дополнително губењето на фокусот значи дека нема да внимаваш ниту на пиење вода. Поради тоа ќе опадне можеби хидрацијата и по автоматизам да се појави процентуално опаѓање на мускулната маса затоа што голем дел од мускулите се вода. И така на крај се добива перцепцијата на вага да биде исто, а да се менува изгледот.

Затоа никогаш не се оптеретувај со вагата и нејзините бројки туку со тоа што покажува твојот обем и твоето огледало.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

3 Comments

  1. This is a very interesting episode and thank you for sharing your fitness points of view and compelling insights.



Остави коментар

Your email address will not be published.