Кога можеш да размислуваш за cheat meal
Епизода 644 – Дали cheat meal е штетен и опасен? – прашање поставено од @bubeshopova
Cheat meal за оние кои не знаете се оние оброци односно задоволства кои што често луѓето си ги даваат за време на диета. Најчесто се случуваат откако можеби недела дена внимавам на исхраната и во одреден ден ќе земам еден оброк што ќе биде превара :). Обично тоа ќе биде пица или благо или грицка, но во принцип нешто што ни е омилено.
Често овие оброци се храна која што изобилува со многу масти и шеќер, односно тоа е процесирана храна. Ако ги гледаме по состав овие продукти се штетни, но факт е дека еднократната употреба еднаш во неделата нема да направи голема штета. Се разбира ова важи доколку навистина сме доследни на добар начин на исхрана во текот на цела недела. Оваа филозофија на cheat meals е воведена поради тоа што луѓето сакаат некаква награда затоа што биле дисциплинирани.
Кога да го воведеш овој оброк
Моето мислење и она што ги советувам луѓето со кои што работам е дека во првите 9 недели од почетокот на процесот не треба да помислат на прекршок. Сеуште навиките на исхраната се нежни и кревки. Лесно може да се скршат и нарушат. Ако особено целта е слабеење, тогаш јас им велам да бидат максимално дисциплинирани и воопшто да не посегнуваат по никакво наградување. Една недела дисциплина не заслужува награда. Сепак да не се лажеме тоа не е откровение или некакво достигнување. Затоа 9 недели е мојот совет од искуство.
И не се работи за калориите кои што ќе ги внесете со тој оброк и со тоа задоволство. Се работи за самодовербата која што ние луѓето знаеме да си ја нарушиме или да си ја зголемиме. Многу често кога луѓето ќе прекршат дисциплина во првата недела на себе си си прават лош муабет. Си велат: “еве еднаш ќе се заречеш и не можеш да издржиш”, “ете ти немаш никаков карактер”. Едноставно си ја поткопувате самодовербата.
Затоа 9 недели немојте да помислувате на ништо што значи задоволство. Баш поради тоа тренирање на карактерот и спремање за на долг рок да воведете добар начин на живот. Самите по себе тие задоволства не се штетни, јас ги практикувам еднаш во неделата и фиксно се товарам на големо :).
Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe