заборави ја вагата засекогаш

Заборави ја вагата засекогаш

Или остани роб или заборави ја вагата засекогаш

Денес ќе ти кажам нешто тотално спротивно на она што ти кажува логиката, а тоа е заборави ја вагата засекогаш. Можеби сте чуле дека мускулите тежат повеќе од масното ткиво, но тука се работи и за нешто друго.

Еден килограм масно ткиво тежи исто колку и еден килограм мускул — еден килограм си е еден килограм. Меѓутоа, она што е важно да го забележиме е просторот што секој килограм го зафаќа во телото. Еден килограм масно ткиво зафаќа повеќе простор во телото споредено со еден килограм мускул кој е позбиен и покомпактен.

Во практика, кога ќе почнете да вежбате и да внимавате на исхраната, почнувате да губите масно ткиво, а да создавате мускули. Дел од килажата од изгубеното масно ткиво сега е мускулна маса и тежината може да не ви се промени, па дури може и да ви се зголеми. Што значи тоа? Ако редовно возите велосипед, вежбате јога и/или трчате на лента, не паничете околу бројката на вагата! Сè додека се храните урамнотежено и со хранливи материи и сè додека вежбате, соодносот помеѓу вашите мускули и масното ткиво ќе се подобрува.

Добро е да се грижите за здравјето и за подобрување на начинот на живот, затоа повеќе фокусирајте се на тоа како се чувствувате отколку колку тежите.

ШТО ЗНАЧИ ЗА ВАС ЗБОРОТ ЗДРАВО?

Во поглед на идеалната тежина и процена на тоа што значи здрава тежина, многу луѓе се повикуваат на индексот на телесна маса (ИТМ). Но, дали е овој индекс навистина тоа што го кажува?

Индексот на телесна маса, кој се пресметува според висината и тежината, ве класифицира на нумеричка скала која има четири категории. Тие покажуваат дали сте претерано слаби, нормални, со прекумерна тежина или со претерана дебелина. За нормален се смета ИТМ од 18–25. Меѓутоа, иако е ИТМ корисен како алатка за прва процена, тој не ги зема предвид масното ткиво и мускулната маса.

Кога ќе ја разгледате само тежината и висината тоа е како да прочитате само половина приказна, а потоа да го погодувате крајот. Ова значи дека ИТМ не е секогаш најсоодветен пристап. За да го објасниме ова, ајде прво да ги погледнеме спортистите. Со значително повеќе мускулна маса и помалку масно ткиво од повеќето луѓе. Сигурно би очекувале дека најголем дел од спортистите се епитом на добро здравје. Меѓутоа, поради тоа што имаат многу мускулна маса што им додава повеќе тежина на вагата во споредба со иста количина масно ткиво, ИТМ параметарот би ги класифицирал како луѓе со прекумерна тежина. Па дури и како претерано дебели.

СЛАБ, НО МРСЕН?

Подеднакво подложни на оваа непрецизност на ИТМ се и луѓето кои ги нарекуваме слаби, а дебели. И покрај високиот процент масно ткиво во телото, обликот на нивното тело и соодносот помеѓу висината и тежината им се пропорционални. Тоа би резултирало со нормален ИТМ. Така би замаскирала една крајно нездрава телесна композиција.

Затоа, кога се работи за подобрување на телесната композиција, препорачливо е да се фокусирате на редуцирање на телесните масни наслаги и зголемување на мускулната маса по пат на здрав активен начин на живот.

Истражувањата покажуваат дека е поголема веројатноста да се придржуваме до одреден план, ако имаме поддршка од други луѓе, затоа убедете ги и вашите пријатели — поддржувајте се едни со други кога мотивацијата ви откажува или придружете ни се на школата за исхрана.

Остави коментар

Your email address will not be published.