јадење навечер

Јадење навечер

Во кои случаеви јадење навечер и пред легнување е во ред?

Кај многумина од луѓето јадење навечер е забранета опција во глава. Многумина имаат став дека после 18ч. или после 20ч. не смее да се јаде. Други пак сметаат дека целото зло за нивниот лош изглед е во попладневното јадење и кризи.

Пред да продолжиш, сакам да разграничиш нешто. Јадење навечер и јадење пред легнување се дијаметрално различни поими. Јадење навечер може да се земе се она што ќе го изедеш после 20 часот, но јадење пред легнување е се она што ќе го изедеш непосредно 1 час пред да легнеш. И тука има многу голема разлика. Кога некој ќе ми се обрати и ќе дојде во школата за исхрана, најчесто разговараме за ова. Она што за мене е важно е да знам дали токму тоа јадење пред легнување е присутно и зошто е тоа така. Дали се работи за глад, дали се работи повеќе за навика, дали се работи за осаменост и емоции и што најчесто е тоа (благо, пуканки, мачканици, храна и алкохол итн.).

Генерално, јас никогаш не сум стриктно против јадењето пред легнување. На пример ако се работи за 1 чаша алкохол или една рака до две пуканки, не советувам ништо да се менува. Не сакам човекот на другата страна да се осеќа дека е нешто забрането и да му роди чувство дека е на режим. Ако е благо или мачканици и притоа не се емоциите во прашање, тогаш најверојатно нешто се греши со појадокот или првиот дел од денот. Затоа и очекувам дека брзо после почетокот тоа ќе го решиме.

Значи, вечера не е непријател и се додека последниот оброк е 2 часа пред легнување, тогаш немаш простор за грижи. Кога се работи за јадење пред легнување еве кога е во ред.

Ако се обидуваш да зголемиш килограми и мускулна маса

Јадењето пред легнување кај оваа група на луѓе е сосема во ред и препорачливо. Но, затоа што јадењето пред легнување може да предизвика потешкотии со спиењето, најдобри опции би биле протеински шејк или јогурт. Токму и оваа научна студија укажува на тоа.

Ако си во дефицит во претходниот дел од денот

Некои луѓе како што пишав и погоре си сакаат да го завршат денот со чаша алкохол и некоја грицка. Јас никогаш нема да је прекорам таа навика доколку целите на клиентот не се специфично високи. Затоа, оваа навика слободно продолжи ја на начин што ќе скратиш можеби со количината во ручекот или втората ужинка.

Ако имаш вежбање или натпревар следниот ден

Доколку се работи за спортист кој што треба да има напорен тренинг или натпревар веќе следниот ден, тогаш јадење пред легнување е речиси задолжително :). Истото важи и за рекреативец кој што можеби има утрото кросфит или некој тежински тренинг.

 

Остави коментар

Your email address will not be published.