избегни поправање за викенд

Избегни поправање за викенд

Избегни поправање за викенд – како да биде забавно, но без последици

Петок и Сабота не ти викаат “седи дома и избегни поправање за викенд”. Не зависно каде си во моментов со твојот резултат и цел, претерувањето со храна и пиење за време на викенд  не треба да биде комплицирана мисија. Нема потреба ништо да менуваш од стандардниот дневен план на оброци, и наместо да имаш цел викенд полн со грешки и “junk food” имај само 1 оброк. Или еве нека биде вкупно 2 бидејќи е викенд нели ☺.

Неверојатно е колку брзо може да го изместите вашиот резултат и килажа за само 1–2 дена. Тешко е тоа што потоа е потребна цела недела да се вратите назад. Јас верувам дека не постои никаква причина зошто во викенд не би практикувале правилна исхрана и вежбање. Сепак, барем имаме и повеќе слободно време да се организираме за тоа. Секако дека после напорна недела можеме да си дозволиме 1–2 оброка што ни се омилени, а знаеме дека се надвор од програмата. Лично и јас го правам истото, но губење целосна контрола може да биде катастрофално. Најчесто да ве донесе до момент на разочарување дека пак треба одново да почнете. Потоа цела наредна работна недела да трошите и поправате за грешките во викендот.

Совети за викенд

  • Не прескокнувајте оброци од страв да не внесете многу калории. Немој да мислите дека со тоа ќе си овозможите да изедете повеќе навечер кога сте излезени со друштво.
  • Ужинките потрудете се да ви бидат протеински. Така би оставиле повеќе простор за шеќерите од алкохолот и ќе оддржите поголема ситост како би избегнале прејадување после диско.
  • Останете активни со физичка активност. Или доколку ви е проблем да одите во фитнес центарот или вашето студио за вежбање пробајте високо интензивен 15мин тренинг дома со некое видео од youtube. И пробајте да бидете активни во град со играње и пешачење ☺.
  • Внимавајте со алкохол и избегнувајте обоени жестоки пијалоци и сокови. Моја препорака се виски, вотка и вино.
  • Појадокот направете го бомба од нутриенти.

За крај се останува во ваши раце и вашиот катактер. Дали ќе може да ги совладате предизвиците или ќе си кажете “ајде од Понеделник ќе се вратам пак на програмата”. Тоа е најголемата лага што може да си ја кажете ☺.

Остави коментар

Your email address will not be published.