како до помалку благо

Како до помалку благо и шеќери

5 совети како до помалку благо и шеќери

Да се обидеш како до помалку благо и шеќери – нешто што е толку вкусно е навистина тешко. Но, кога станува збор за избегнување шеќер постои нешто што го прави тоа уште потешко. Едноставно го има насекаде.

Статистиките покажуваат дека просечниот човек јаде околу 22 кафени лажици шеќер или 350 калории од шеќер секој ден. Во превод тоа значи дека јадеме речиси 1,5 килограми шеќер неделно, односно 70 килограми годишно. Тоа претставува речиси 18% од калориите кои ги внесуваме. Од каде доаѓа овој шеќер?

Што се додадени шеќери?

Некои шеќери природно ги има во храната — како лактоза (шеќерот во млеко) или фруктоза што дава блажина на овошјата. Тие не се додадени шеќери затоа што ги има во храната во нејзината природна состојба.

Но, додадени шеќери се оние кои буквално се додаваат во храна при обработка, при подготовка или на масата дома. Кога си мачкаш џем, мармалад или крем. Кога си додаваш шеќер во кафето и слично се подразбира дека си додал шеќер. Но, вистинскиот додаден шеќер е обработена храна која ја јадеме, која всушност е депонија на многу шеќер кој оди во нашите тела. Како храната се обработува се повеќе и повеќе, тоа значи дека се оддалечува од нејзината природна состојба. Многу често се додава шеќер на тој пат на процесирање.

Едно мало свежо јаболко има природен шеќер во него — можеби 15 грама — но кога ќе помине во процес за да се добие “100% природен” сок од јаболко имаме уште 15 грама на додаден шеќер по порција. Пченично брашно практично и нема шеќер во него — но за да се добие слатка житна снегулка или корнфлекс, во процесот се додава неколку лажици шеќер во секоја порција.


ЧАЈ ШТО ЌЕ ТИ ГО ЗАМЕНИ КАФЕТО


Видливиот шеќер

Некои додадени шеќери се очигледни — како мармалад и џем, бел шеќер, мед или крем кој се става на трпезата и во храната. Потоа, тука се 200 литри на зашеќерени безалкохолни пијалоци што просечниот човек ги внесува секоја година. Тие се всушност одговорни за околу една третина од вкупната додадена количина на шеќер. Тука се исто така и додадените шќери од торти и колачи, бонбони, сладоледи и слично. Ова се шеќери кои се видливи и за кои сме свесни дека ги внесуваме. Она штое фрапантно е што речиси една четвртина од шеќерот што го јадеме е скриен во процесирана храна.

Шеќерот што не го гледаме

благо и шеќерЕдинствено ако не си фанатик и познавач на етикетите кои ги имаат производите, големи се шансите дека внесуваш шеќер за кој што немаш појма. Доаѓаат од производи за кои и не си помислил дека изобилуваат со шеќер. Најверојатно си изненаден дека во еден сос за паста има околу 5 лажици шеќер, кечапот е 80% шеќер, супи, дресинг за салати па дури и “здрави” пијалоци на растварање и шумливи таблети кои имаат над 90% шеќер.

Како и да е барем овие се “превкусни” и некако сме свесни дека не се здрави. Она што најмногу мене лично ми ја дига косата е целата “здрава храна” која што ни пакува продукти со етикети кои што навестуваат нешто здраво, а всушност има многу шеќер. Овде или подолу во текстот можеш да дознаеш повеќе како да читаш етикети и да не бидеш изигран од “healthy marketing”.

5 совети како до помалку благо и шеќер

  • Читај ги етикетите. Кога се работи за етикети на 100 грама производи не треба да има повеќе од 20 грама на шеќер. Внимавајте само да не ви избегаат бројките затоа што некои компании пишуваат вредности во порција или во 50 грама само за да изгледа количината на калории и шеќер помала.
  • Додавање на шеќер во домашната храна. Биди внимателен со шеќер во кафе, користење на дресинг, житарки, зимници и многу друго во што се додава шеќер.
  • Уживај во храна со природен шеќер. Знам дека секој од нас знае што е здраво и дека овошјата и зеленчуците се супер, но редно време е да ги практукуваш повеќе и често во исхраната. Таму има природни шеќери и тоа е одлично.
  • Пресечи ги течните шеќери. Исфрли било какви обоени пијалоци колку и да имаат добра опаковка дека се здрави и природни. Единствено здраво и природно од пијалоци е вода, незасладен чај, свежо цеден сок. Има и некои професионални пијалцои за спортисти без додадени шеќери.
  • Води евиденција за тоа што го јадеш. Водењето евиденција и дневник за она што го јадеш само 3–4 недели, ќе ти ја издигне свеста за исхраната на сосема друго ниво. Ќе ти помогне полека да ги исфрлаш непотребните калории.

Остави коментар

Your email address will not be published.