порција

Порција

Што за тебе значи една порција

За да го следите дневниот калориски внес и макро и микронутриентите треба точно да знаете што јадете секој ден во вашата порција. Меѓутоа, многу луѓе не сфаќаат дека постои разлика меѓу порција и количина на некоја состојка во една порција. Внесуваат многу повеќе одошто мислат дека внесуваат, без да бидат свесни за тоа.

Според Сузан Бауерман, регистриран нутриционист, „една порција е количина храна што си ја сервираме, иако во повеќето случаи тоа е многу повеќе од големината на порцијата наведена на амбалажите на храната или во владините препораки“. На пример, ако ја погледнете официјалната порција наведена на некои продукти, кај повеќето пишува 30 гр., што е само неколку залчиња. Меѓутоа, ако истиот тој продукт го купите за носење или ако си го направите сами, тој веројатно ќе биде за околу четирипати поголем од оваа препорачана порција. Тоа значи дека за конкретниот продукт калориите што ги впишувате може да бидат и за 75% повисоки. Тоа всушност прави огромна разлика!

За правилно читање и разбирање на етикети можеш повеќе да дознаеш овде.

Каде е балансот

Наједноставен пример ви е на пример ручекот во вашето секојдневие. Повеќето од нас си ставаат три пати повеќе тестенини во чинијата од препорачаната порција. Тоа е така од проста причина што таа би била толку мала што би мислеле дека е прилог. Кога читате амбалажа на која е дефинирана големината на порцијата, треба точно да знаете што јадете. Ако јадете по четири или пет порции од препорачаната порција ќе имате голема разлика во калорискиот внес, а тоа може да влијае и врз вашите цели.

Јас за себе лично ја имам прифатено стратегијата дека порцијата треба да изгледа на следниот начин. Изворот на јаглехидрат (ориз, компир, паста…) да зафаќа големина на тупаница во чинијата. Изворот на протеин и масти (месо, риба, мешунки…) зафаќаат големина на мојата дланка. И последно изворот на витамини и минерали зафаќаат две тупаници. Овде зборувам за главните оборци појадок и ручек. Проблемот што можеби повеќето од нас го имаат со перцепцијата дека ова е малку е во тоа што кога доаѓа време за главен оброк се прегладнети. Кога си прегладнет не размислуваш за овие стандарди. Но, затоа постои решение со редовност на оброци.

Спротивно на верувањата на повеќето луѓе, ужината може да им помогне. Особено на луѓето што сакаат да ја регулираат тежината. Истражувања покажуваат дека внесот на една или две ужини помага да не прегладнеме. Во во текот на денот како дополнување на оброците НЕ го зголемува вкупниот калориски внес. На тој начин луѓето обично јадат помалку за време на главните оброци. И не само тоа. Веројатноста дека ќе внесеме доволна хранлива вредност е многу поголема отколку во ден со 2 или 3 оброци.

Што мислиш ти за оваа стратегија? Ако можеби си конфузен во глава, придружи ни се во школа за исхрана и среди си ја исхраната засекогаш!

Остави коментар

Your email address will not be published.