Како азот и протеин се одговорни за градење мускулна маса
Протеините – и оние што ги внесуваш преку храната и оние во твоето тело (на пр. мускулите) се изградени од амино киселини кои што содржат азот во својот состав. Во трката и целта да градиш мускулна маса важно е да ги балнасираш протеините кои што ги јадеш и оние кои што природно ги губиш секој ден.
Од каде доаѓа азотот во телото
Азотот генерално доаѓа од протеините кои што ги јадеш. Кога јадеш продукти како месо, јајца или мешунки, тие се разградуваат. Во тој процес на дигестија се разградуваат на индивидуални амино киселини. Подоцна нив телото ги користи за да гради други протеини потребни за метаболичките процеси. Структурата на сите амино киселини вклучува “амино група” што е делче од амино киселината на кое што е закачан атом на азот и така всушност се дистрибуира низ телото.
Што значи азотен баланс
Секој ден, азот доаѓа во твоето тело преку протеините што ги јадеш. Подоцна истиот го губиш и исфрлаш преку потење, мокрење и одење во тоалет. Всушност, балансот се однесува на тоа колку азот влегува во телото и колку дневно се троши. Баланс значи дека тие се приближно еднакви количини. Кај оние адолесценти кои се вистински здрави се вели дека се во азотен еквилибриум. Тоа значи дека внесуваат доволна количина на протеин за да се регенерираат и да ги заменуваат “истрошените” протеини во телото.
Овој баланс кај многу луѓе е нарушен. Кога некој е во негативен азотен баланс, тоа значи дека телото повеќе губи азот одошто добива. Така, телото треба да ги користи и троши здравите протеини од телото (мускули, коски, нокти, коса, ткива) што е многу непотребен и лош процес. Ова многу често се случува кога се заборавате со вежбање, кога практикувате екстремни диети, гладувате и правите голем калориски дефицит. Така телото всушност не ги добива потребните протини и мора да ги користи своите постоечки здрави извори.
Од друга страна постојат и случаеви на луѓе кои се во позитивен азотен баланс. Тоа значи дека телото повеќе внесува и задржува одошто губи. Трудници, деца во развој и луѓе што се физички активни треба секогаш да се во позитива. Кога си во позитивен азотен баланс тоа значи дека телото има резерви и може да прави вонредни “поправки и замени” што е потребно кај овие три групи на луѓе.
Градење на мускули и азотен баланс
За индивидуалци кои што се трудат да изградат мускулна маса со комбинација на тренинг и исхрана, адекватниот внес на протеин е неопходен за да се случува регенерацијата и растот на мускулот. Ако не ги знаеш твоите индивидуални потреби за протеин, повеќе зборувам овде. 1
Сепак, внесување на доволно протеин е едната страна на приказната. Исто така, важно е да го распоредиш тој внес на протеини низ целиот ден и да избираш протеини од квалитетни извори. Идеално, протеински внес треба да биде подеднакво распореден низ сите оброци, и особено внимание на внесот е потребен веднаш по вежбање. Whey и casein се двата типа на протеин кои што според мене се добри опции за после вежбање.
И се разбира, тука доаѓа азотот и неговиот баланс затоа што тој ќе ти направи огромна услуга. Затоа не е важно да внесуваш само доволно протеини туку и доволно квалитетни калории со што би бил во позитива на азот. Многу често луѓе кои што вежбаат во исто време кратат калории за да качувале “чист мускул”. Но кога кратиш на калории, тогаш протеините што ги јадеш во “доволни количини” телото ќе ги користи за приоритетни метаболички функции, а не за градење на мускул. Затоа не брзај да “тепаш 2 муви со еден удар”. Воспостави си балансиран начин на исхрана што ќе ти носи и добри јаглехидрати и масти. Тие ќе бидат искористени за гориво, а протеинот ќе си остане да ти ја сервисира твојата мускулна маса.