Години и покачување килажа

Години и покачување килажа

Која е поврзаноста на повеќе години и покачување килажа

Години и покачување килажа е нешто што многу луѓе го земаат здраво за готово. Многу од луѓето со кои се среќавам особено над 30тата година, а да не зборувам над 40тата и 50+ имаат еден тип на изговор дека нивниот метаболизам сега не е како на млад човек. Но, во пракса биолошките години немаат врска со метаболичките години. Староста воопшто не треба да влијае за килажата. Моите баба и дедо се класичен пример и доказ за тоа. Никогаш не ги знам со вишок на килажа.

Зошто луѓето качуваат килажа со стареењето

Покачувањето на килажа со стареење се случува поради истата причина и доколку сте млади. Едноставно небалансиран внес на калории и неправилен начин на живот. Е сега, кога сте помлади она што се разликува од подоцна е трошокот на калории. Како постари имаме тенденција да се “удомуваме” некако. Не практикуваме движење што ни штеди по 300 калории во просек дневно.

Исто така, сигурно сте слушнале дека со стареењето се менува метаболизмот. Тоа е точно, и всушност со секоја декада метаболизмот се забавува и троши 150 калории помалку на дневна основа. Оваа логика е присутна поради фактот што мускулната маса кај постарите луѓе се губи и троши со текот на годините. Колку повеќе се зголемува процентот на масти во телото, а се намалува процентот на мускулна маса, метаболизмот се забавува. Мускулното ткиво има 30 пати поинтензивен метаболизам од масното ткиво. Но, ова во поголем дел е повторно поврзано со намалената активност и удомувањето.

И има уште еден фактор кој влијае на оваа појава, а тоа е неправилниот внес на протеин. Потребата за протеини кај возрасна особа е поголема за разлика од млада особа, но најчесто како луѓето созреваат и создаваат семејства, го губат фокусот на себе. Живеат со ставот “не е важно за мене” затоа што сакаат да придонесат повеќе за своите деца и не обрнуваат внимание за тоа дали ќе јадат нешто квалитетно и ќе посветат време или само ќе јадат колку да не се гладни и тоа ќе биде без никаква организација. Повторно ова придонесува за забрзано уништување на мускулната маса и забавување на метаболизмот.

Што треба да се промени

Во принцип не постојат 5 совети како да не покачите килажа со стареењто. Постои 1 совет и тој совет можете сами да го воочите од погоре напишаното. Тоа е — прави го истото она што си го правел како помлад. Најди време за себе, биди активен и храни се правилно :). Ништо комплицирано како што мислиш.

Ако си заглавен во процесот и ти треба помош и поддршка, тогаш дојди на школа за исхрана и реши ја исхраната за секогаш.

Остави коментар

Your email address will not be published.