активен јаглен

Детокс со активен јаглен

Дали активен јаглен ќе помогне за детоксикација на телото и заштита од вируси?

Не за детокс и не за активен јаглен! Прво поимот детоксикација треба секој од вас да го исфррли од глава. Не постои програма на исхрана што детоксифицира! Не постои продукт што детоксицифира и не постои никаква стратегија за да му направиш детокс на телото! Телото ни создало еден апарат за детокс кој што се вика црн дроб. Он си ја врши целата работа на таа тема.

Активен јаглен исклучиво треба да користиш доколку се работи за некое труење и слична ситуација. Да сметаш дека активен јаглен ќе ти помогне во детокс е многу лоша стратегија. Изминатата недела имавме работилница со Катерина Зафировска девојка која е неверојатен експрет за кожа. Зборуваше во контекст на тоа дека активниот јаглен нема мозок. Кога ќе го ставиш во телото не може да препознае што е добро а што не е. Народски кажано ги собира и непријателски настроени супстанци, ги собира и оние бенефитарните.

Не го користи на дневно ниво како превентива или перење на гревови :). Исклучиво користи го доколку навистина се работи за некакво труење или доколку доктор ти препорача. Јас го имам консумирано 2 или 3 пати во животов, исклучиво кога сум претерал со алхохол па следниот ден да си помогнам да го пребродам мамурлакот побрзо и да ги избегнам тие токсини од моето тело да стојат подолго време. Никогаш не го употребувам бидејки детоксицифира.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.