Диета, гладување или кратење

Диета гладување или кратење

Тројството што не ти дава да ослабнеш – диета, гладување или кратење

Диета, гладување или кратење на калории и храна можеби изгледа како најкраток пат кога зборуваме за слабеење. Но всушност постојат многу причини зошто не треба да го правиш тоа. Кога имаме опција да слабееме брзо или да слабееме побавно најверојатно ќе го одбереме брзиот начин. И тоа е сосема разбирливо. Еднаш кога ќе речеш “доста е” и сакаш да ослабнеш, многу е нормално да сакаш тоа да се случи најбрзо што може. Но, мора да си свесен/на дека брзиот начин си доаѓа со одредена цена која ќе ја платиш подоцна или порано.

Дел од проблемот со кратењето на калории е тоа што не можеш да го правиш на долг рок. После одреден период се откажуваш и се враќаш онаму од каде си почнал/а. Понатаму следува фрустрирање и си уште поубеден/на дека едноставно ти не можеш да ослабнеш. Изгледа генетиката ти предодредила :).

Како да препознаеш дали грешиш?

Најчесто ова може да го приметиш по интензитетот на губење на килограми. Просечниот губиток на килограми на месечно ниво треба да биде 3кг или максимум 4кг доколку имаш повеќе од 20 килограми вишок. Единствено со поголем интензитет може да биде првиот месец поради течностите кои ќе ги изгубиш во првите 2 недели. За да губиш 0,5–1кг неделно треба да скратиш 500 калории од твојот потребен калориски дневен внес кој што можеш да го провериш кај чичко google.

На пример ако твојот метаболизам троши 2000 kcal дневно, тогаш едната опција е да скратиш 500 калории и да немаш никаква физичка активност или да скратиш 300 калроии и да вметнеш 1 час пешачење на пример. Ако ова ти е тешко да го мислиш и да го “свариш”, тогаш приклучи се во школата за исхрана и ќе ти помогнам еднаш за секогаш да го решиш овој проблем.

Она што не смееш во никој случај да го направиш е да отидеш под 1200 калории дневно. Во оваа ситуација сигурно страдаш да задоволиш нутритивен дневен внес и на долг рок ќе страдаш здравствено.

6 причини зошто да не кратиш премногу калории

  • Може да биде тешко да ги сретнеш твоите дневни нутритивни потреби. Мора да си свесен/на дека потребите за витамини, минерали, влакна, протеини, масти, јаглехидрати и вода телото ги има секој ден. Кога ги нема, воопшто не е добро.
  • Може да прегладнуваш. Гладување, на сила можеш да буткаш 2 недели. Ќе дојде денот кога веќе нема да издржиш и ќе отидеш во другата крајност.
  • Физички ќе си уморен. Кога си уморен тешко дека би посегнал било што да направиш повеќе од она што се мора. И, повторно ќе се откажеш од тоа да бидеш уморен.
  • Чести падови на концентрација и појава на нервоза. Кратење на калории со сигурност не обезбедува доволно гориво на мозокот да функционира правилно. Тоа често ќе резултира со падови на концентрација и со нетрпение од музика, тропкање, шепотење, играње со пенкало, крцкање на врати и прозори.
  • Губиш мускули, коса, нокти, коски. Кога не му даваш на телото гориво, тоа е толку паметно што само ќе си најде нутриенти и гориво од места кои не сакаш да се користат како храна…
  • На долг рок нема да воспотавиш добри и здрави навики за исхрана

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *