доволно растителни влакна

Доволно растителни влакна

Што значи да внесеш доволно растителни влакна во грами и во количина на храна?

Епизода 733 – Јосиф, како да знам дека сум внела доволно растителни влакна? Постои ли некаков сигнал во телото? – прашање поставено од Вики.

Не сум спремен за ова прашање во целост. Не знам дали телото ќе ти испрати некаков сигнал дека внесе доволно растителни влакна. Дефинитивно ќе ти испрати сигнал кога недоволно си внел/а. Недоволниот внес на растителни влакна кој што носи недоволно размножување на пријателски бактерии во дигестивниот систем, дефинитивно може да е причинител за подуеност. Вториот сигнал е исто така, нередовна столица.

Препораките кои што се општоприфатени и потекнуваат од СЗО се дека во текот на денот на човек му требаат од 25-30 грама на растителни влакна. Како да си сигурен/на дека ги внесуваш и колку порции овошје и зеленчук тоа подразбира? Треба секој ден да имааш некаде од 5 до 7 порции на овошје и зеленчук. Или, во превод во твоето секојдневие тоа може да значи да имам 3 парчиња овошје, и 2 до 3 салати. На пример може во појадокот ќе имам овошје, може во остатокот од денот пред ручекот ќе имам овошје, за ручекот ќе имам салата. Препорачливо е да е таа обоена салата од што поразлични видови на зеленчук. И за крај во вечерата исто така да имаш зеленчуци како салата или поинаку приготвени.

Дополнителни опции

Други трикови како можеш да ги обогатуваш оброците со растителни влакна е да јадеш луто. Лутото обезбедува поголеми количини на растителни влакна. Можеш да додаваш грав во сите јадења и салати што ги правиш. Не мора тоа да биде готвен, може да биде црвен од конзерва. Гравот дефинитивно е огромен извор на растителни влакна, и затоа кога го јадеме има големи турбуленции во стомакот.

Третиот начин е суплементација која денес можеш да ја најдеш како апчиња или во прав. Јас користам растителни влакна и во двете форми. Убавината во суплеметацијата е дека не можеш да претераш и да се јават контра индикации. Единствено доколку навистина користиш фанатично и не пиеш доволно вода. Така да ова се моите совети како ќе ги снабдиш растителните влакна. Сепак, за чувството кога си снабден не знам да ти одговорам. Ниту сум го доживеал ниту сум видел некоја релевантна содржина која зборува за тоа.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *