зајакнување имунитет

Зајакнување имунитет

Зајакнување имунитет – 3те градители на имунитет

Сезонските болести како што се кашлици и настинки се потсетник за зајакнување имунитет. Тие се многу честа појава и уште пострашно “нормална” бидејки многу од нас сметаат дека е “од времето”. Никој не помислува дека е од имунитетот. Многу фактори играат улога во јачината на имунитетот. Од животната средина, генетиката, физичката активност па се до храната. Но, сепак немаме влијание врз сите фактори. Понекогаш не можеме да ја промениме средината во која живееме. Најчесто и сеуште генетиката е тешко да се промени. Но дефинитивно во наши раце и одлука е тоа колку и дали ќе бидеме активни и како ќе се храниме.

Храна и имунитет

Храната игра голема улога во природната одбрана на телото. Сите метаболички процеси и системи се зависни од храна. За да го одржите имунолошкиот систем во топ форма ви даваме неколку совети што може да ги примените во исхраната и начинот на живот.

Витамините А, Ц и Е што ги има во цитрусни овошја и зелјест зеленчук. Тие играат клучн улога во имунолошката функција и заштита од оксидативен стрес.

Минералот цинк кој го има во јаткастите плодови и семињата помагаат во одржување здрав имунолошки систем.

Леукоцитите создаваат специјализирани ПРОТЕИНИ (познати како антитела) кои ги бараат и уништуваат вирусите и бактериите што го напаѓаат телото. За ефикасно создавање на овие антитела на телото му треба протеин. Добар извор се масни риби, чисто месо, јајца и соја. Тие содржат и витамини и минерали (Б2, Б12 и бакар) кои помагаат за нормална имунолошка функција.

Сепак немој да помислиш дека доколку си земеш додаток во исхрана мултивитамин и б-комплекс ќе ја завршиш работата. Многу луѓе одат по линија на помал отпор. Ќе прочитаат или слушнат дека за имунитет се најдобри одредени нутриенти. Следното нешто што го прават се трупаат со суплементи и мислат дека ќе си ги “исперат” гревовите што ги прават со храна во остатокот од денот. Не постои додаток или продукт што ќе ја направи промената. Ти ќе си ја направиш промената доколку следиш еден балансиран, здрав и активен начин на живот.

Остави коментар

Your email address will not be published.