калории и килажа

Калории и килажа

Поврзаноста помеѓу калории и килажа

Луѓето секогаш повеќе се оптеретуваат со калории и килажа отколку со составот на калориите и килажата. Бројката што ќе ја видите на етикетата како енергетска вредност не кажува ништо за продуктот. Мојот став е дека хранливата вредност е многу поважна од самата бројка на калории, но сепак во овој краток текст ќе ги расчлениме калориите и нивното значење. Kалориите се

  • единица мерка за енергија што телото ги користи како гориво за своите функции и активност.
  • ги добиваме од протеини, масти и јаглехидрати преку храната и пијалаците што ги внесуваме.
  • неопходни се за основните телесни функции како што се одржување на функцијата на срцето, на мозокот и на белите дробови. Тоа се нарекува и базален метаболизам – бројот на калории потребен макар и да не правите ништо освен лежење цел ден.
  • многу се важни како гориво за физичка активност — од најмала гестикулација со рацете до трчање 42 километри.

Бројот на калории што ни се потребни секој ден зависи од тоа колку килограми имаме, колку мускулна маса имаме и колку сме активни.

Ако внесуваме повеќе калории отколку што му се потребни на телото, вишокот калории се складира како телесни масти.
Ако внесуваме помалку калории отколку што му се потребни на телото, калориите што претходно ни се складирале (масно ткиво) се трошат за да обезбедат дополнителна енергија.

Половина килограм = околу 3.500 калории.

За да ја намалите тежината

Со 500 калории помалку во денот, неделно ќе намалувате по 3.500 калории. Така ќе губите по половина килограм масно ткиво. Но, не внесувајте помалку од 1.200 калории дневно.* Калорискиот дефицит има свои граници.

Aко сакате да губите по повеќе од половина килограм неделно ќе треба уште повеќе да го намалите калорискиот внес*. Или да трошите повеќе калории со вежбање.

За да ја одржувате тежината

Урамнотежете го бројот на калории што ги внесувате преку храна и течности во однос на бројот на калории што ги трошите. **

Калорискиот внес за жени е околу 24 калории за секој килограм телесна тежина. На пример жена од 68 кг. треба дневно да внесува околу 1.800 калории. Калорискиот внес за мажи е околу 28 калории за секој килограм телесна тежина. Така на пример маж од 90 кг. треба дневно да внесува околу 2.800 калории.

*Извор: „Упатства за исхраната за Американци, 2005 г.“ Министерство за здравство и социјални служби на САД, Министерство за земјоделство на САД [USDA].
**Извор: „Упатства за исхраната за Американци, 2005 г.“ Министерство за здравство и социјални служби на САД, Министерство за земјоделство на САД.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *