броење калории

Броење калории

5 грешки со броење калории

Броење калории за некого може да биде комплицирана техника и всушност за повеќето е. Но, за некого може да биде одлична алатка со што би си го подобрил процесот на намалување, зголемување или одржување на килажата и формата.

Ако броиш калории на погрешен начин или уште повеќе, ако мислиш дека одредени додатоци во храната не треба да се бројат тогаш може да не ги сретнеш своите очекување и да дојде до големи фрустрации затоа што работите не ти функционираат.

Многу често со луѓето со кои што работам во школата за исхрана избегнувам да ги насочувам кон броење на калории. Има и случаеви каде што луѓето сакаат да имаат комплетна евиденција и контрола за тоа што внесуваат во телото. Со нив доброто е тоа што секогаш кога и да заглават работите или нема да се сретнат очекувањата можеме да најдеме зошто. Преку дневникот да видиме што всушност се случува и каде се генерално грешките. Доброто е тоа што кога еднаш ќе увидиш и ќе стекнеш навика правилно да броиш калории, ќе можеш постојано да имаш контрола над ситуацијата.

Еве кои се најчестите грешки кои што ние луѓето ги правиме.

Ги броиш калориите откако ќе ги изедеш

Водењето на дневник е нешто што јас често го препорачувам како добар начин за контролирање на внесот на храна. Е сега за да биде тоа уште посовршено може броењето на калории да го правите уште пред да ја јадете храната. Едната опција е да знаете еден ден порано што ќе јадете следниот ден. Стратегија што ќе ве обврзе на дисциплина, но и стратегија што ќе ви земе време за планирање. Тоа значи да имате дневник пред да ја јадете храната.

Другата опција е откако ќе ја зготвите храната и оброкот да знаете колку внесувате. Соодветно на тоа да ја регулирате количината што ќе ја изедете. Како и да е, водењето на дневник секогаш помага макар и на крајот на секој ден да запишете што сте изеле. И да постои грешка сепак ќе бидете свесни и ќе знаете да не ја направите следниот пат.

Забораваш да ги израчунаш додатоците во храната

Многу често броењето на калории го правиме на начин со тоа што ги земаме во предвид само основните продукти што го сочинуваат оброкот. Забораваме дека ниту еден оброк и салата не ги правиме без некакви додатоци. Уште пострашно е тогаш кога тие додатоци се пирилично калорични, а ние не ги сметаме. Дали земаш во предвид на дресингот во салатата што ја јадеш? Во просек 1 лажица од дресингот носи 75 калории. Дали земаш во предвид зејтинот кој што го сипаш врз салатата или во ручекот? Макар и да биде маслиново масло сепак носи убава бројка на калории колку и да е здраво. Дали сметаш на мајонезот што го додаваш со пекарскиот компир или павлаката во тестенините? Тоа се’ се рачуна.

Забораваш да ги броиш течностите

Еден од најдобрите начини несвесно да внесеш калории е несвесноста од пијалоците и течностите кои сепак се бројат. Дали си свесен колку калории може да ти донесе една чаша газиран или тетрапак сок? Или пак чаша со некаков засладен пијалок од прашок или шумлива таблета? Ладен чај, кафиња, лимонади итн.. А денес почнува да се појавува и тренд на “Спорт вода” или вода со кокос или јаворов сируп. Не се сите нездрави, но сепак се бројат со калории.

Не вагаш

Понекогаш зборот една порција може да направи збунка затоа што јас имам видено најразлични видовои на порција пилешки стек на пример. Или па ако треба да јадеш две јаболка за ужина може да се промаши со 100 калории ако големината на јаболкото не се земе во предвид. Знам дека е тешко да се прави сето тоа, но за краток период ако го правиш ова во континуитет ќе почнеш да добиваш осет за грамажата и да ја одредуваш од око.

Не обрнуваш внимание на етикетите

Повторно досадна работа, но никој не вели дека треба да се прави со години. Потребно е 1 месец. Многу често производителите на храна пишуваат енергетски вредности за своите продукти по порција или на 50 грама итн. Тоа често знае да направи забуна и на пример да видиш позади на етикетата пишува во една порција се содржат 200 калории, порцијата е всушност 50 грама, а ти добиваш слика дека се работи за 100 грама и ќе изедеш 400 калории 🙂

Остави коментар

Your email address will not be published.