Колку оброци дневно

Колку оброци дневно

Еден, три или пет – колку оброци дневно

Важно ли е колку оброци дневно имаме?

Пракасата ми покажала дека некои луѓе едноставно одбиваат да јадат ужини и имаат само три оброка во текот на денот, и точка. Дури и тоа некогаш им е многу. Според нив, ужината е само лоша навика со која може да се покачи тежината или пак велат дека немаат време. Има и луѓе кои јадат само еднаш и притоа цел ден грицкаат, “штипнуваат” благо или пијат кафиња, сокови и енергетски пијалоци. За разлика од нив, има луѓе кои велат дека со помали, почести оброци го контролираат гладот, па затоа е подобро да се јаде пет пати дневно.

Дали е едната стратегија подобра од другата? Дали е подобро да се јаде три пати или пет пати дневно?

Не постои подобра, туку што за тебе е подобро. Нашето тело секојдневно бара 3 работи за да произведе енергија и живот. Тоа се кислород, вода и хранливи вредности. Конкретно и јас имам денови кога имам три оброци, а имам и денови кога имам пет оброци. Дефинитивно со пет имам подобра контрола, но доколку имаме серизно набиен распоред, тогаш го сведувам на три со тоа што само ги појачувам калориски од квалитетни извори. Има луѓе кои што и оваа филозофија не ја прифаќаат и за нив е најдобро intermittent fasting.

Што вели науката

Што е најдобро за здравјето?

Истражувањата треба допрва да го дадат конечниот одговор. Сето тоа ќе зависи од количината на енергија што се внесува. Со други зборови, ако сакате да слабеете, треба да внимавате колку калории внесувате. Ужините сами по себе не се лоши, под услов да не внесувате премногу калории.

Ако погледнете каква храна многумина ја сметаат за ужина — мрсни, солени, зашеќерени грицки како што се чипс, бисквити и слатки — јасно е зошто сметаат дека не треба да се ужина за да се контролира тежината.

Се разбира, има и многу здрава храна што може да се јаде како ужина. Тоа претставува само една причина за поддршка на пристапот за помали, почести оброци. Тоа е практично . Кога јадете повеќе оброци, имате поголеми шанси да ги внесете потребните хранливи материи. Ужините се шанса да внесете повеќе овошје и зеленчук, или можеби кисело млеко коешто е богато со калциум, или уште една порција со протеин.

Остави коментар

Your email address will not be published.