кофеински таблети

Кофеински таблети

Кофеински таблети – замена за кафе или зелен чај

Епизода 654 – дали кофеински таблети се безбедни за конзумација и кога да се пијат? – прашање поставено од @arnaudovdarko

За кофеинот пред се имам зборувано мислам наназад преку темите поврзани со кафе или зелен чај. Мојот став општо за кофеинот не зависно во кој формат доаѓа е дека е добар. Ми се допаѓа како начин да човек си помогне во менталниот фокус. Ми се допаѓа како начин да си помогнеме во повеќе енергија, особено во делови од денот кога тоа е потребно. Или уште повеќе во делови од денот кога чувствуваш некаков пад на енергија од поодговорни работни обврски.

Исто така кофеинот има и други бенефити. Постои една CGA киселина која што помага за намалување на апетитот и.т.н. Ова не значи дека треба да користиме кофеин без никакви граници затоа што се што е претерано и нечини.

А таблетите?

Конкретно и за кофеинските апчиња јас имам позитивен став и мислење. Особено како побрз начин да внесеш кофеин во телото и да не губиш време за подготовка на чај или кафе. Она што не успеав да најдам и најверојатно не ни постои, се тврдења дека таблетите имаат некаква закана или ризици за твоето здравје. Така да имаш зелено светло.

Нормално гледај да не претеруваш со кофеин. Најдобриот начин да си обезбедиш долгорочна енергија е прво да видиш дали кофеинот ти е потреба затоа што ако е потреба и имаш чести падови на енергија и не можеш да го истуркаш денот, тогаш е јасно дека треба да менуваш нешто во начинот на исхрана. Времето кога да ги консумираш би рекол да биде по твоја желба. Исто како кафе – кога најмногу ти треба. И внимавај да немаш додавање на кофеин повеќе од 3 пати во денот затоа што тоа ќе значи дека имаш неправилно работење на метаболизмот.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.