овошен јогурт

Овошен јогурт

Овошен јогурт – што го прави здрав?

Епизода 739 – дали и како да знаем кој овошен јогурт е здрав за јадење? – прашање поставено од Елена.

Најмногу зависи од како се направени тие овошни јогурти. Ако зборуваме за домашен рецепт, јогурт и во блендер да ставиш некое парче овошје, тогаш имаш зелено светло. Тоа е најдобрата опција на овошен јогурт. Доколку зборуваме за овошни јогурти од рафтови би ми требало да ми кажеш малку повеќе за брендот и составот.

Сепак, постои општа формула според која можеш да ги класифицирираш продуктите на здрави и нездрави. Гледаш колку има шеќер во 100 грама продукт. Доколку на твојот овошен јогурт, на 100 грама има повеќе од 20 грама шеќер, тогаш тој продукт не е во класата на здрава храна. Некогаш и доколку шеќерот е во границите на дозволеното не значи дека е се во ред. Состојките кои што се користат за овошниот јогурт можеби не се најдобри.

Јас баш поради оваа прилика и проблематика на мојот инстаграм профил почнав една рубрика или кампања која што ја крстив  wall of shame и wall of fame. Mожеш да ми дадеш бренд или продукт за кој што точно ќе ти кажам дали треба да го рачунаш како здрава храна или не е здрава храна.

Healthy marketing

Има многу продукти кои што ни се маркетираат и ни се пласираат на рафтовите за здрава храна, а воопшто не се здрави. Затоа сакав таа конфузија и бунење кај луѓето на рафт да ја расчистам и да им помогнам да станат свесни. Често гледаме етикета на која пишува healthy, fit, fitness или спорт. Тоа не значи дека и внатре во суштината е здрав продуктот. Така да овошните јогурти дома се апсолутно добри. И кај купечките сигурно има добри јогурти, но пак ќе ти речам види повеќе за шеќер. Ако сакаш дополнително да се осигураш, прати ми слика од етикетата и ќе ти кажам дефинитивно за каков продукт се работи.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *