Која е разликата помеѓу пробиотик и пребиотик
Сигурно знаеш дека пробиотик и пребиотик се нешто добро за твоите црева, но не знам дали знаеш дека дигестивниот систем се вика “втор мозок”. Тоа е комплексен систем што испраќа и прима секаков тип на информации до и од твојот “прв мозок” :). Во дигестивниот систем постојат различни рецептори кои што прибираат информации за состојбите во твојот дигестивен систем. Истите тие ги испраќа до мозокот кој што па ги користи за да ја контролира неговата работа и фунцкии.
Цревната микробиома
Во целата оваа денешна приказна и статија најголемиот играч е сеуште непознатиот свет на бактерии наречен микробиома. Тоа е целосен екосистем создаден од трилиони и трилиони различни организми (бактерии, габи и вируси). Само нивната маса доколку би се извадиле од дигестивниот систем би изнесувала некаде од 1 до 3 килограми. Овој систем има и те како длабоко влијание на твоето здравје и општа добресостојба во телото.
Една од примарните функции на микробиомата е да ги разградува растителните влакна. Исто така му дава поддршка на твојот имунолошки систем, го чува “дворот” од натрапници и непријатели и произведува неколку неопходни витамини. Со толку многу обврски и одговорности се’ повеќе треба да се зборува и едуцира за важноста на исхраната за ова друштво на организми. Имено, истите овие бактерии се хранат со она што го јадеш ти и доколку храната не е адекватна тоа значи дека нивниот број ќе се намалува и со тоа се ставаш на ризик и си ранлив/а.
Иако сеуште науката нема знаење за тоа како би требало да изгледа идеален состав на микробиомата, сепак се знае дека колку е поразновидна популацијата на организми толку подобро. Овој тим на играчи е многу кохезивен и секој зависи од секого, а за да направиш тимот да игра добро треба да му даваш добар тренинг, ресурси и внимание :).
Пребиотици
Пребиотици всушност се составниот дел на многу продукти и храна што содржи високо ниво на растителни влакна. Иако ние луѓето не можеме да ги разградауваме “мануелно” овие влакна од овошјата, зеленчуците, мешунките и житарките сепак микробиомата многу би се радувала на нивното присуство. Обожава да ја заврши таа работа за нас во процес наречен ферментација.
Како што микробите ги ферментираат влакната што ги јадеш, се произведуваат одредени соединенија што служат како гориво за клетките што го обложуваат ѕидот на дигестивниот тракт. На тој начин ја чуваат инфраструктурата здрава. Изобилие од пребиотици имаш во банани, кромид, лук, праз, аспарагус, патлиџани, сливи, јаболки, јатки, соја и интегрални тестенини.
Пробиотици
Зборот пробиотик (probiotics eng.) доаѓа од грчки збор што во превод значи промовирање живот (promoting life eng.). И навистина пробиотици промовираат живот во дигестивниот тракт. Тоа се всушност добрите и пријателски бактерии (култури) што ги консумираме преку храна или суплементи. Тоа се истите тие бактерии што се веќе жители на дигестивниот систем. Внесувањето на пробиотици може да помогне да се избалансира популацијата на различни видови на бактерии што за возврат ќе ти донесе здравје.
Иако првичната слика дека треба да консумираме бактерии е лоша :), сепак ти веќе ги јадеш. Пробиотиците се наоѓаат во многу ферментирани продукти. Ферментацијата е природен процес во кој што бактериите ги конвертираат шеќерите и другите јаглехидрати во киселини. Затоа оваквите продукти имаат киселкаст вкус. Најчестиот извор на пробиотици се млечните ферментации како јогурт, кефир и некои зреени сирења. Вусшност и најсреќаваниот жител на пробиотици во дигестивниот тракт е Lactobacillus acidophilus, што се наоѓа во јогурт.
Пробиотици можеш да внесеш и преку консумација на ферментирани зеленчуци како корнишони, зелка и слично. Притоа не сите процеси на ферментација денес се добри. Ова важи само ако е продуктот е посолен и ставен во ладно. Конзервираната храна е загревана за време на производството, а тоа ги убива бенифитарните бактерии. Денес има уште многу продукти како на пример пијалоците со комбуха. Барај “активни култури” (“live active cultures” eng.) на етикетата од продуктите што ги купуваш во маркет.
Браво.Многу убаво и детално опишано.
Благодарам Марија!