сончоглед

Сончоглед

Сончоглед – до кога е здрав

Епизода 692 – Какви се нутритивните вредности на сончоглед и дали е штетен? – прашање поставено од @vikiperoska

Не е штетен и не постои храна особено од растително потекло што е штетна освен ако не зборуваме за печурки отровни :). Сончогледот станува штетен кога нема да биде замена за лошите масти, туку само дополна на досадата и потребата за храна. Не знам колку си запозната сончогледот во најголема количина има масти. Па така, доколку сончогледот стане замена за многуте грицки кои изобилуваат со транс масти и празни калории или замена за благо и за големи количини на заситени масти, во тој случај е фасцинантно подобра опција и е здраво за твоето тело. Во спротивно само ќе внесеш голема количина на калории дополнително.

Предностите на сончогледот

Генерално тоа што е супер за сончогледот се мастите. Во него има мононезаситени и полинезаситени, од кои што во најголем дел се полинезаситени. Супер е да ги внесуваш во телото се разбира доколу направиш замена на со транс масти и голема количина на заситени масти. Исто така има Б витамини има влакна и е одличен нутритивен состав, но внимавај затоа што ако го внесуваш во големи количини би било проблем. Има голема количина на енергија во ова растение. На 100 грама има помеѓу 500 и 600 калории.

Исто така внимавај на тоа дали е премногу солен. Гледај да купуваш сончоглед каде што се тргнати лушпите и е суров. Доколку го грицкаш со лушпата ќе внесеш многу сол, плус најверојатно ќе биде заразен. Ако почнеш да јадеш солен сончоглед со лушпа нема крај :), a со внесувањето на многу сол знаеш дека ќе штетиш и на бубрези и на срце.

Имаш зелено светло за сончоглед, но само како замена за лошите извори на масти и калории и не како додаток.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.