фит или здрав

Фит или здрав

Фит или здрав – која е разликата?

Сигурно познавате луѓе кои секогаш изгледаат добро, но не секогаш е исто да си фит или здрав. Особено е специфично за оние слабите кои што никогаш не се ‘замарале’ со здрав и активен животен стил. Сигурно некогаш сте љубомореле некому затоа што ‘ништо не му се фаќа’ :).

Епа бидете среќни. Секој метаболизам има своја слабост. Тоа значи дека неправилниот животен стил мора да си ја земе цената. Кај некого од нас резултира со вишок килажа, кај некој со дигестивни проблеми (нередовна столица, подуеност, киселини). Кај некој трет со хормонален проблем, кај некој холестерол итн. Она што повеќето ги обединува е немање енергија.

Погрешната филозофија и слика

Фит или здрав е на прва помисла слично, но како што напоменав и погоре може да има огромна разлика. Да, здрав по автоматизам значи дека ќе бидеш и фит. Но, да бидеш фит не значи дека си и здрав. И сигурен сум дека познаваш многу такви. Она што прави мешаница во глава е фактот што денес многу ни се промовира добар изглед. На социјалните мрежи сме преплавени од згодни момци или девојки – наши пријатели. И не мора да се наши пријатели и да ги следиме, но доволно е да пролистаме и да налетаме на некоја реклама на која што има згодна девојка.

Од друга страна пак оние што упорно се борат со вишокот на килажа се опседнати со тоа да намалат. Спремни се дури и да намалат по секоја цена. Ако треба и ќе се цркне. Суштината е дека фит изгледот треба да биде само последица на тоа што сум здрав/а.

Тоа што некој генетски има предиспозиции во врска со изгледот, не значи дека не се соочува со друг проблем. И кога конкретно зборуваме за ова, од денешна гледна точка јас сум и среќен што имав исклучиво само проблем со килажата, а не и со здравјето. Ценете ги вашите предиспозиции. Повеќе за квалитетен начин на живот погледни во следнава епизода.

Остави коментар

Your email address will not be published.