бел леб

Бел леб

Навистина ли бел леб е штетно

Епизода 663 – дали бел леб е добар за консумација ако го јадеме во нормални количини? – прашање поставено од @blazevskirobert

Има производи кои што одамна ги бие лош глас. Многу луѓе кога ќе посегнат кон средување на исхраната со цел да намалат килажа или затоа што сакаат да намалат масти , целулит најчесто што ќе ги слушнеш е дека исфрлаат од исхраната леб , благо и газирано. Тоа е супер и е во ред. Најчесто најголемите количини на шеќер кој што ние луѓето ги јадеме особено во попладневите часови доаѓаат од овие 3 продукти.

Секогаш кога ќе имаме пад на шеќер, кога ќе ни е потребна концентрација, кога ќе ни е потребно повеќе енергија, нашиот мозок препознава брзи шеќери во 5 до 6 типови на продукти. Меѓу нив се и овие три кои што ги спомнав. Тука е и лебот бел затоа што тоа  преставува брз начин како во крвототкот да донесеш шеќер. Белиот леб има висок гликемиски индекс. Притоа брзо се матаболизира и тој шеќер се претвара во гликоза која што ќе даде моментална енергија. Проблемот всушност не е во лебот.

Работата е што луѓето се оставаме во текот на денот со многу сиромашно нутритивна храна. Јадеме можеби еднаш до два пати, имаме неквалитетни оброци и тоа сетоа придонесува да се јавуваат овие потреби за тесто. Така подоцна ги ставаме во групата на продукти кои што не се потребни и кои што се непријатели за нас. Тоа воопшто не е така затоа што доколку ти имаш добар појадок во првиот пола час од будење, доколку имаш редовност на оброци, доколку пиеш доволно вода нема да биде иста прикзната.

Ситуации кога белиот леб е безопасен

Доколку во главниот оброк – ручек имаш да речеме грав или леќа или боранија или грашок, со салата и парче месо, нема никаков проблем да изедеш и 2 парчиња бел леб. Во оваков случај телото многу поразлично ќе се однесува. Многу поразлично ќе бидат обработувани тие шеќери и многу поразлично ќе влијае на нивото на шеќерот во крв. Така понатаму многу поразлично ќе влијае на тоа дали ти ќе зголемуваш на масти.

Доколку ти во главниот оброк вметнеш доволно хранлива вредност, тоа ќе значи дека нема и така брзо да се ослободуваат сите јаглехидрати кои што ги имаш во самиот оброк. СЗО вели дека кај телото постои дневна потреба за шеќер. За мажи општо прифатената количина е 120 грама, за жени е 90 грама. Не значи дека шеќерот треба да се исфрли целосно од било каква употреба и од било каков продукт. Потребно е само да се внимава со изборот на изворите и да се внимава со количината. И се разбира најважно е што друго во текот на денот твоето тело ќе добива како хранлива вредност.

Јас конкретно во денови кога имам грав, леќа, боранија, грашок и доколку немам дрг извор на јаглехидрат знам да изедам парче до две леб. Не е тоа најчесто белиот леб но и кога би бил белиот леб немам грижа на совест или паника дека сум направил нешто лошо.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.