Дали сум дебел

Што ќе ми покаже дали сум дебел

Денес во светот има многу луѓе што се прашуваат дали сум дебел. Има многу со покачена тежина и прекумерна дебелина од кога и да било. Луѓето 50.000 години се одржувале во живот на тој начин што складирале масти. Со промените во човековата исхрана и начинот на живот во изминатите 100 години, милиони луѓе во целиот свет почнаа да страдаат од прекумерна дебелина.

Истражувањата покажуваат дека ловците и собирачите на храна јаделе околу 800 различни видови растенија. Меѓутоа, денес просечниот внес е околу три порции овошје и зеленчук дневно. Тоа значи дека не се внесуваат доволно витамини, минерали и билни состојки кои се многу важни за добро здравје.

Покрај тоа, со еден залак преработена храна, што содржи рафиниран скроб, шеќери, масти, сол и масла, се внесуваат многу калории, а често оваа храна не ги содржи важните нутриенти што ги има во овошјето и зеленчукот.

Во исто време, неактивниот живот со многу седење во изминативе 30 години доведе до глобална епидемија на прекумерна дебелина и хронични здраствени проблеми. На луѓето итно им требаат решенија во кои акцент се става на урамнотежена исхрана и здрав, активен начин на живот.

Па не сум многу де

Не е страшно ако имаш вишок на килажа. Страшно е ако мислиш дека “не е ништо”. Страшно е ако си кажуваш на себе секакви лаги, оправдувања и фасади на прашањето дали сум дебел.

Некои од нас дури се прифаќаат како такви. Се тешат со реченицата “ако вистински ме сака, секако ќе ме сака”. Некои се прифаќаат затоа што мислат дека генетиката им е таква и дебелината им е наследна. Но дали е тоа навистина така погледни овде.

Во принцип и тоа е сосема разбирливо. Денес сме опкружени со многу луѓе што имаат вишок на килограми и тоа вистински вишок. Дури има и такви кои се гордеат на нивниот “капитал”, па така кога ќе се погледнеш себе си со 7-8 килограми повеќе ќе си речеш па не сум толку лош :).

Не зборуваме овде за лош, зборуваме за тоа дека не треба да прифатиш дека си тргнал нагоре со килажата и не треба да прифатиш дека еден ден ќе биде. Ништо нема да биде ако ти не одлучиш и не смениш нешто.

Ако не знаеш од каде тогаш дозволи ние да ти помогнеме, затоа приклучи се’ во школа за исхрана и како дел од група и огромна поддршка реши го овој проблем еднаш за секогаш.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *