Нов начин на живот

Јосиф запознава нов начин на живот

Како јас почнав нов начин на живот

Мојата сестра Магдалена веќе пред мене почна нов начин на живот. Речиси цел тинејџерски живот беше загрижена околу нејзиниот изглед и килажата.

Постојано беше во некакви екстремни ситуации. Или не јадеше ништо или јадеше цел ден :). Како резултат на тоа постојано имаше периоди во кој есктремно ослабнува и периоди во кои екстремно брзо и екстремно многу се поправа.

Сите дома бевме робови на тие нејзини премрежја. Моите родители загрижени за нејзиното здравје, а јас неизбежна жртва и примач на негативната емоција и загриженост.

Почетокот на 2011 година Магде донесе некакви — за мене тогаш хемии, за кои тврдеше дека ќе бидат конечно нејзиното решение на голготата со килограмите. Тоа беа неколку производи од Herbalife Nutrition. Јас бев 100% скептик и противник бидејќи не сакав да поминувам повторно низ сите драми на кои бев сведок порано.

Сепак, не можеме да одлучиме во туѓо име и не успеавме да ја предомислиме. Помина 1 месец и да бидам искрен почнав да гледам нешто што до тогаш го немав видено. Сестра ми ја губеше гломазноста, но не ја губеше косата, бојата на лицето и трпението :).

Поминаа уште 2 месеци и ја видов во најдобра животна форма. Тоа беше доволно за да почнам да се интересирам за начинот на живот кој што го има Магде.

Нов начин на живот

нов начин на животНа 02 Мај 2011 отидов на еден поголем настан што компанијата го организираше во Скопје. Таму слушнав многу информации за компанијата, производите и запознав многу луѓе и нивните приказни што ми дадоа одлична основа да почнам да верувам дека јас можам да искористам и нешто за себе.

Да ја скратам приказната, после овој настан решив дека ќе почнам нов начин наживот за да после 6 месеци дојдам во мојата до тогаш најдобра животна форма. Сето тоа чувство и возбуда сакав да го пренесам на што повеќе луѓе околу мене.

Уживам да ги гледам луѓето како се радуваат за своите резултати и како минуваат низ процесот на менување на навиките и начинот на размислување. Денес сум повозбуден од било кога за влијанието и промената која ќе ја направиме околу нас, а можеби еден ден и ТИ ќе бидеш нечија инспирација и дел од оваа мисија и приказна.

Дојди и приклучи се’ на нашата школа за исхрана.

Остави коментар

Your email address will not be published.