деца и појадок

Деца и појадок

Родител, деца и појадок

Деца и појадок не е едноставна равенка :). Многу често во типичен работен ден, појадокот се заменува со екстра минути за спиење со причина дека “не ми се јаде” или “ќе јадам по пат”. И кога ќе одлучат да јадат дома, следува награда галење и тапшање за време на јадење. Нели дека се послушни и “барем јадеше пред да излезе” — нема да го мислите :). Но, само затоа што стомакот е полн не значи дека мускулите и мозокот го добиваат горивото што им треба.

Од едно *истражување направено на 1100 родители кои одговориле на прашањата, заклучено е дека 73 проценти од децата јадат појадок пред да излезат од дома или да влезат на школо. Додека само 5 проценти одговориле дека нивните деца прескокнуваат појадок пред да одат на школо. И во суштина тоа е одлична вест. Но, она што децата јаделе за појдок фрли сенка на ова истражување. Повеќето од децата имале многу рафинирани јаглехидрати и шекери и малку протеин. И внесот на овошје бил исто така сиромашен.

Топ оброци за појадок на децата биле рафинирани житарки — корнфлекс, чоколадирани мусли и слични такви житарици, пецива, кроасани, мачканици на бел леб или некој двопек. Одреден помал број одговориле дека нивните деца јадат протеинско-богати производи како јајца и јогурт. И, само 41 процент одговориле дека нивните деца јадат некаква овошка пред да одат на школо.


ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК


Што е појадок

Појадокот е многу повеќе од само полн стомак. И појадок не е тоа што прво ќе го изедеш денес, туку тоа што ќе го изедеш во првиот час од будење. На децата им требаат здрави јаглехидрати — како нерафинирани житарки или интегрални производи и свежо овошје . Тоа ќе ги снабдува со енергија активните мускули и мозокот. И се разбира добра доза на протеин наутро — од јајца или нискомасни млечни продукти што ќе ги одржува сити и ментално будни. Многу деца страдаат од недоволен внес на калциум, витамин Д, калиум и растителни влакна — се’ што може да го овозможи правилниот појадок.

Сите сме зафатени наутро . Затоа изгледа најпримамливо да одиме по линија на помал отпор и да им купите или дадете на децата нешто најбрзо. Колку да сте сигурни дека јаделе пред да влезат во школската врата. Јас сум фрапиран кога ќе погледнам колку многу деца конзумираат огромна количина на шеќери и заситени масти. Преку појадоците кои се купуваат на секој агол околу училиштата тоа е најдостапно. Дали навистина е толку комплицирано да се приготви појадок наутро дома или да се направи некое квалитетно смути или протеински шејк?

*Survey of US adult population, conducted by Synovate eNation, 9–15–2010 through 9–24–2010, margin of error +/- 3 percentage points.

Остави коментар

Your email address will not be published.