дигестија и општо здравје

Дигестија и општо здравје

Како се поврзани дигестија и општо здравје

Ако размислиме малку подлабоко, сосема е логично тврдењето дека тоа што го ставаме во уста директно влијае на дигестија и општо здравје. Буквално она како се чувствуваме денес е резултат на тоа што сме ставиле во уста или сме го вдишиле. Или, во превод што ќе добива мојот дигестивен систем и во каква кондиција ќе биде директно ќе се одрази на кондицијата на останатите системи во телото (имунолошки, кардиоваскуларен, итн).

Многу луѓе околу нас живеат со нервозни црева киселини, подуеност, нередовна столица, неподнесување извесни видови храна. Алергии, чести вирози и настинки, опадната виталност и енергија денес е сосема “нормално”. Повторено секојдневие кај многу од нас, но всушност е аларм дека дигестивниот систем не е во најдобра состојба. Свесни сме дека за да храната што ја јадеме стигне до секоја клетка потребна е претходна обработка. Во таа обработка учевствуваат устата, желудникот, жолчката, црниот дроб и цревата. И доколку еден од нив има намалена функција, тогаш имаме проблем (од горе напишаните).

Како изгледа тој процес

Вашиот дигестивен систем може да го замислите како водоводна инсталација. Во таа инсталација ако секојдневно дотураме ѓубре ќе почне да се запушува и/или оштетува. Многу често со јадење на премногу мрсна храна, многу сувомесно, млечни производи со висока масленост и кондиторска храна полна со хемии ќе почне наталожување на отпаден материјал и токсини околу ѕидовите на цревата. Тоа ќе придонесе до оштетување на цревните ресички кои се задолжени за апсорпција на храната, запушување на дебелото црево и процес на автоинтоксикција или само-труење.

Затоа многу е важно да му помогнете на вашиот дигестивен тракт во процесот на одржување и природно само-чистење. Тоа не е процес преку ноќ туку е процес од најмалку 3 месеци. Еве кои 7 чекори може да ти помогнат во процесот на природно само чистење:

  • Не јади пред легнување. Последниот оброк нека ти биде околу 2 часа пред да одиш во кревет.
  • Избриши конзумација на поховано и благо.
  • Внесувај доволно растителни влакна или во превод најмалку 3 парчиња овошје и 2 салати на дневно ниво. Можеш да си помогнеш и со суплементација.
  • Алое вера е неверојатно полезен напиток за дигестивниот систем.
  • Топол чај од нане или нашиот термоџетикс чај.
  • Доволно хидрирање и пиење на вода. (1литар на 25кг телесна маса).
  • Појадок и оброци на 3-4 часа.

Остави коментар

Your email address will not be published.