Зрелост на овошје

Зрелост на овошје

Зрелост на овошје – што значи ако го јадеш недозреано или презреано

Епизода 628- дали од зрелост на овошје ќе зависи дали ќе има помалку калории и што се случува со неговите хранливи вредности? – прашање поставено од @cappone007

Искрено прашањево пред се ми се допадна затоа што не го знаев веднаш точниот одговор. Ова баш ме натера да се нурнам малку во пребарување и истражување на релевантни извори и научни студии кои што зборуваат за тоа.

Дали ќе го јадеш недозрано или зрело нема да ти направи голема разлика во калориите и во хранливата вредност. Но, доколку е веќе презреано, тогаш може да биде проблем. Презреаното ќе има многу повеќе шеќери за разлика од зрелото овошје и ќе имаш намалена хранлива вредност. Ова е уште повеќе потенцирано особено ако зборуваме за антиоксиданси кои што се лесно оштетливи и кои што на повисоки температури знаат да ги намалуваат нивните вредности.

Од друга страна, она што е добро да речеме за недозреаното овошје е тоа што нема толкава количина на шеќер. Во некои случаеви некои овошја знаат да имаат и помала хранлива вредност, но заедничко за сите дефинитивно е тоа дека имаат помали количини на шеќер. Воедно имаат поголеми количини на растителни влакна затоа што јаглехидратите кои што во текот на зреењето ќе се претворат во шеќер или во фруктоза  сеуште не се стигнати до тој процес. По автоматизам сложените јаглехидрати практично носат и повеќе растителни влакна.

Каде да си претпазлив

Кај некој луѓе може да е прави проблем тоа што има повеќе растителни влакна и не е дозреано овошјето. Не знам кај тебе дали е истиот случај, но како и да е или оди со недозреана опција или оди со зрела опција. Мене ако ме прашуваш би одел со зрела опција затоа што не сакам да губам време да барам недозреани овошја. Сепак, секој има право на избор така да имаш зелено светло за консумација на недозреаните овошја.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.