кризите за благо

Кризите за благо

Кризите за благо – страдање што нема крај

Си доаѓаш дома, ручаш и после си доаѓаат на ред кризите за благо. Многу познат шаблон на живеење кај многумина. Ако ме прашуваш мене, јас сум некако по соленото. Кога би имал избор пред мене помеѓу добра чоколада или некој пикантно лут чипс, дефинитивно би избрал чипс ☺. Не зависно кој е вашиот вкус и “фетиш” се работи за ист феномен. КРИЗА, особено во попладневните часови и навечер. И без разлика за каков вкус сте повеќе, всушност се работи за шеќер. Нешто што нашиот мозок го обожава особено кога ќе ги исполниш сите предуслови. Дали ќе биде благо, солени грицки, тесто и месено, сок или енергетски пијалок не е важно. Важно е дека има шеќер.

Како се случува овој феномен

Нашиот мозок во брзата и “вкусна” “храна” препознава брза енергија. Баш поради фактот што таа е составена од многу шеќери и масти. Тоа во превод значи дека кога телото бара енергија, мозокот знае што да одбере. Колку добро функционира сето тоа ☺.

Тие кризи и потребата на телото за енергија се јавуваат поради недоволното и/или неквалитетно гориво. Во најголем дел потребите за висококалорична храна што ја добиваме преку процесираните продукти потекнуваат од неколку причини. Едната е погрешен старт и тек на денот. Тоа значи непојадување во првиот час од будење или погрешно појадување. Другата причина може да биде недоволна хидрација, односно недоволно пиење на вода. Третата е недеволен внес на протеин – нашиот градежен материјал и природниот регулатор на шеќер во крв.

Најлошата опција е да ги имаш сите три предуслови. И да не се лажеме тоа воопшто не е реткост да се види. За жал. Тоа е најдоброто трио на кризите за благо. Многу од нас го почнуваат денот погрешно. Многу од нас имаат по 1 или 2 оброци дневно. Сето тоа доведува до истоштеност на телото во вториот дел од денот и до падови на концентрација. Потоа следи потреба за дремка и до фамозните кризи.

Кој ги измисли кризите за благо дознајте во следната епизода

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *