Дали мед е замена за благо
Епизода 691 – дали е добро да се јаде мед, ама зборуваме за 100% чист мед планински? Ако е добро во кој дел од денот можам да го земам? – прашање поставено од Пеце
Не знам зошто, но можеби поради наближување на овој празничен период многу од прашањата се поврзани со благо. Се прашуваме како да биде поздраво, бидејки многу луѓе се свесни дека најмногу се клизнува во овој период во годината.
Медот не е решението за да ти најдеш добра замена за благо. Ако твојата потреба за шеќер ја задоволиш, но само замениш со истата количина конвертирана во мед, нема разлика. Ќе биде подобро затоа што е шеќер кој што доаѓа од природата и не е преработен или рафиниран. Но, повторно многу шеќер е многу шеќер. Ако е 100% чист одлично, бидејќи особено во маркетите знаат да се најдат манипулатори. Јас во последно време се борам со нив и сакам да ги експонирам. Сакам да ја извадам вистината на површина и да сватат многу луѓе дека тоа што е спакувано во производ на кој пишува дека е здрав не е секогаш здрав. Тие манипулатори треба да се збришат од пазарот дефинитивно затоа што прават повеќе штета отколку добро.
Доколку имаш добар избор на мед супер, но повторно немој да се лажеш дека ако изедеш пола тегла мед а не изедеш шеќер рафиниран си завршил работа.
Колку е доволно
Не знам колку лажици би ти рекол да јадеш, но на пример сосема доволно би било една лажица да ставиш во чај, или една лажица да ставиш во појадокот. Ако целта не ти е поправање и качување на мускулна маса, тогаш било каков извор на шеќер и на јаглехидрати би било добро да заврши со ручекот. Така да, ако си имал во појадокот и во една од ужинките, после тоа би ти препорачал да го немаш. Вториот дел од денот на секој од нас му е попасивен па ако внесеш шеќери кои нема да се искористат знаеме дека ќе преминат во масти.
Дефинитивно имаш зелено светло за користење на мед, особено таков 100% каков што го кажуваш.
Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe