пауза со вежбање

Пауза со вежбање

Што се случува кога правиш пауза со вежбање?

Епизода 740 – колку е сериозна штетата и промената во телото со нередовноста или пауза со вежбање во овој период? – прашање поставено од Марјан.

Не знам која е причината за нередовноста од вежбање во овој период, но можам да претпоставам. Се затворија сите студија, сите фитнес центри, а сме имале некоја рутина направено. И јас се ставам во оваа група на луѓе кои што сме научени да вежбаме во фитнес центри. Користиш најразлични машини, а сега се најдовме во небрано за тоа како да продолжам да вежбам.

Сепак, не е тоа изговор за да немаш континуитет во вежбање. Не е ниту причина да бидеш загрижен ако не успеваш да го одржуваш континуитетот. Ако порано си вежбал 4 пати сега е само 2 пати тоа е тоа. Едноставно таква е ситуацијата и не треба да се камшикуваш и да се обвинуваш поради тоа.

Која пауза е веќе сериозна?

Реално за да си го упропастиш телото и да се вратиш наназад од каде што си стигнал со вежбање, треба барем 6 месеци на неактивност. Тогаш веќе ќе биде сериозна промената. Ти секако и после 2 месеци ќе забележиш промени, и јас забележувам, но повторно не се камшикувам. Едносавно тоа го надополнувам со наоѓање и пронаоѓање на себе си во нова активност. Лично јас еве моментално сум опседнат со практикување на јога. Го правам тоа 2 до 3 пати неделно и еднаш неделно правам функционален фитнес.

Жал ми е што во моментов не можам да одам во фитнес центрите, но во исто време сум среќен и благодарен што имам прилика да практикувам друга дисциплина која што ја имав на ум дека ми недостига. Ако имаш барем 150 минути физичка активност во текот на неделата, во тој случај нема потреба да креваш паника. Нема да направи голем проблем.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *