пилешки џигер

Пилешки џигер

Пилешки џигер во човечка исхрана

Епизода 653 – дали пилешки џигер ако се подготвува варен е здрав? – прашање поставено од @ace.kotev

Се потрудив, но не успеав да најдам релевантен податок дали е здрав кога се вари. Јас би те советувал да не го користиш затоа што во пилешкиот дроб или џигер има една бактерија campylobacter enteritis. Дефинитивно е познато дека доколку често ја консумираме и ако ја ставиш во твојот дигестивен систем може да ја наруши неговата работа. Имено ќе го наруши тој баланс на бактерии во системот, може да се појави диареа, мачнини и.т.н. Во многу поретки случаи може да се појават и посериозни воспалителни процеси.

Има надеж за оваа бактерија. За таа цел дел од научниците пронашле еден вирус кој што се изолира од изметот на кокошката. Истиот овој вирус може да помогне да се спасат кокошките од оваа бактерија. Иако оваа метоа е ветувачка, сепак сеуште тоа не е 100% сигурно и статистички она што најдов мислам дека 3 од 7 кокошки успеваат да ја исфрлат оваа бактерија.

Ова не е доволно одржливо и не е сигурно за да донесеме заклучок дека проблемот е решен и дека не се очекуваат проблеми при јадење на џигерот. Затоа не можам да ти дадам зелено светло за варењето како начин на подготовка за јадење. Едноставно не најдов релевантна информација и не можам да ти одговорам. Мојот став е дека не го јадам и сеуште не би го јадел. Ако ти имаш релевантен извор дека е добро, сподели го со мене па јас ќе го споделам со оваа заедница.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.