просо

Просо

Придобивки и ризици од јадење просо

Епизода 664 – кои се бенефитите од јадење просо? – прашање поставено од @katerina.ristovska

Просото е многу едноставен и многу ефтин продукт. Постојат многу начини како можеш брзо да го приготвиш со додатоци. Подготовката и рецептите ќе ги оставиме за друга прилика затоа што не ми е целта да кажувам за рецепти. Просото, ако го гледаме нутритивно во најголем дел има јаглехидрати. Има многу мал број на масти, особено заситени и има некаде околу 11% на протеин. Исто така содржи Б витамини и други минерали кои што го прават како супер храна.

Јаглехидратите се сложени и добри. Има растителни влакна и фитонутриенти. За нив научно е докажано дека помагаат да се одржуваат добри нивоата на холестерол во крв. Од друга страна многу добро делуваат на дебелото црево и научно е докажано дека одложуваат појава на рак на дебело црево. Магнезиумот кој што го има во доста добри количини помага за релаксација на мускулите на крвните садови и повторно тоа значи дека помага за кардиоваскуларни ризици. Исто така аминокиселинскиот состав го прави добар за многу системи во телото. Вклучително и за одржување на нивото на триглицериди во телото.

Единствениот ризик фактор

Просото има само еден единствен ризик доколку се претерува. Содржи една супстанца што се вика гоитроген која што може да ја наруши работата на тироидната жлезда и да ја наруши апсорпцијата на јод. Ова е многу важно за тироидната жлезда и за можноста да се случи можеби хормонален дисбаланс. Но, тоа за да се случи треба навистина да се претерува.

Не треба да бидеме фанатични и религиозно да го јадеме било кој продукт за кој што ќе слушнеме дека е супер здрав. Се работи за  нормално користење како и секој друг продукт од типот на ориз, компир, мешунки и слично.Може слободно ти биде супституција на ориз, на компир, на паста. Можеш да го инкорпорираш слободно во исхраната, препорачливо во првиот дел од денот како дел од главен оброк или како ужинка.

Погледни многу повеќе содржина на мојот YouTube канал или на мојот блог и не порпуштај да направиш subscribe

Остави коментар

Your email address will not be published.