супер храна

Супер храна

Кои производи се на листата на супер храна

Самиот поим супер храна укажува на тоа дека овие производи содржат повеќе нутриенти од останатите. И не само што содржат повеќе нутринети, туку и се во одличен сооднос и баланс. Сепак, не постои посебна категорија супер храна. Ова е само поим што се користи за здрава храна богата со нутриенти :).*

Општо гледано, производите што содржат најмногу нутриенти се од растително потекло. Содржат изобилство витамини, минерали и растителни влакна, како и фитонутриенти. Најголем дел од нив имаат иста улога како полифенолите од маслиново масло. Придонесуваат за заштита на липидите во крвта од оксидативен стрес. Ако внесувате храна од растително потекло, всушност внесувате голема количина храна што се смета за супер храна. Дури и ако не е толку егзотична како што е мангото или какаото во зрна.

Повеќето листи на супер храна се многу слични. Бобинките, листестиот зеленчук и јатките се наоѓаат на врвот на речиси секоја листа. Тука спаѓа и масната риба. Од година во година се менува само фокусот од еден на друг производ. Оваа година, блитвата го замени кељот, а следната година можеби киноата ќе ја замени блитвата.

Трендовите за храна не се разликуваат од другите трендови. Постојано бараме нешто ново и необично. Можеби кај супер храната бараме нешто што ќе биде уште подобро од она што веќе го имаме пробано.

Што е здрава храна

Не треба да се фокусирате само на еден одреден супер производ или само на придобивките за здравјето од него. Важно е да ги внесувате сите супер производи бидејќи од сите имаме еднакво добри придобивки. Повеќето производи од растително потекло се супер храна поради тоа што секој од нив има сложена структура и содржи. Понатаму има уникатна комбинација од витамини, минерали и секако фитонутриенти.

Храната од растително потекло содржи толку многу корисни соединенија што е невозможно да знаеме како секое од нив може да ни го подобри здравјето.

Кога клинички ќе се испита одреден производ и ќе се утврди дека е корисен за здравјето, тој производ се смета за супер храна. Затоа, често се случува да се фокусираме на него и да изоставаме други производи што може да се исто толку корисни. Односно, ако внесуваме само одредени производи што се сметаат за супер храна, нема да внесуваме други производи што се еднакво корисни, но на поинаков начин.

Повеќето од луѓето го следат секој нов тренд за супер храна. Секој ден ги внесуваат производите во точно одредена количина од која сметаат дека ќе има најголеми придобивки. Оваа година религиозно се држат на една диета, другата година имаат друг хит :).

Запаметете. Телото не го интересира кои продукти ќе ги јадеш. Го интересира да ги задоволиш неговите потреби за вода, кислород и хранливи вредности.

Храната од растенија

Колку што кељот е богат со нутриенти исто толку се и листовите од трупка, листовите од синап, блитвата и спанаќот. Слаткиот компир е одличен. Но, и останатиот портокалов зеленчук, како што се: морковите, тиквата и мускатната тиква, си имаат свои предности.

Преку трендовите за храна дознаваме за производи што претходно не сме ги пробале. Затоа, ако ги следите најновите трендови за супер храна, само додавајте ги новите супер производи на листата производи што веќе ги јадете, а не да ја менувата целата исхрана.

*Витамините и минералите, како што се: бакар, манган, рибофлавин, селен, витамин Ц, витамин Е и цинк, придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес. – Сузан Бауерман 

Остави коментар

Your email address will not be published.