суштината позади килограмите

Суштината позади килограмите

Суштината позади килограмите – слаб, мрсен, фит или дебел

Сигурно кога сте биле кај вашиот матичен доктор имате видено табели со податоци каква треба да биде тежината според возраста, висината и полот, но тоа не е суштината позади килограмите. Она што може овие табели да ви кажат е дали сте со покачена телесна тежина, намалена или сте во референтните граници. Она што овие табели не го земаат во предвид е каква е вашата телесна композиција. Колку мускул и колку масти има вашето тело.

Нашето тело односно таа тежина што вагата ни ја покажува е составена од два дела. Едниот е мускулна маса, а другиот се масти.

Телесни масти и мускулна маса

Есенцијалните масти (на пример омега 3) сочинуваат дел од мастите зачувани во органите. Во срцето, белите дробови, црниот дроб, бубрезите и дигестивниот тракт, a исто така и во мускулното ткиво, централниот нервен систем и коскената срцевина. Се викаат есенцијални затоа што му се неопходни на телото за да обавува основни телесни функции. Потребни се за регулација на температура, абсорпција на потреси (удари на пример) и продукција на енергија. Жените имаат повеќе од овие масти бидејќи самото тело чува поголеми резерви за поддршка кога се во бременост и за други хормонални функции.

Заситените масти имаат пак функцијата да го заштитат телото (како ќебе и перница 🙂 ). Всушност се наоѓаат околу органите, околу коските, и под кожата како би го заштитиле телото од надворешни влијанија и термоизолација. Многу често овие масти се покачени, па првично ни сметаат естетски, а потоа и здравствено.

Чиста мускулна маса е се’ она што не се масти, па така ова вклучува мускули, коски, органи, лигаменти, тетиви, течности. Мускулната маса и мастите се комплетно различен состав на ткива па затоа не верувајте во митот дека мускулите може “да се претворат во масти”. Со изоставување на вежбање и недволен внес на протеин може да изгубите мускул и на виделина да преовладуваат мастите. Но, исто како што не може црниот дроб да се претвори во кожа исто така и мускулот не се претвора во масти.

Премасен или претежок?

Анализата на составот на телото обезбедува корисни информации и заклучоци и тие се’ суштината позади килограмите. Понатаму тие може да се користат за да се направи разлика помеѓу некој кој е “слаб” и некој кој е “фит”, како и некој кој е “премасен” и некој кој е “претежок”.

На пример, некој кој тежи помалку од она што кажуваат табелите за BMI (body mass index) ќе биде класифициран како “тенок” — според табелата. Но, со оглед на составот на телото што не е земено во предвид од страна на табелата, тоа лице, всушност, може да носи вишок на масно ткиво — и во тој случај, ќе биде “премасен”.

Од друга страна пак, некој кој тежи повеќе од она што укажува табелата, ќе биде класифициран како лице со “прекумерна тежина”. Но, повторно, со оглед на тоа дека составот на телото не се зема во предвид, тоа лице може да има всушност мал процент на масти. На пример еден спортист кој има многу мускул — и во тој случај всушност личноста е “фит”.

Ова е важно, бидејќи зборуваме за вишокот на масно ткиво — не само вишокот тежина. Тоа има влијание врз целокупното здравје на поединецот и неговата благосостојба. Здраво ниво на масти се околу 15% за мажите и 22% кај жените, но овие вредности ќе се разликуваат во зависност од вашата возраст. И, бидејќи заклучивме дека е вистина дека вишокот масти може да го стават вашето здравје во ризик, не треба да ги исфрлате некои масти од исхраната. Тие извршуваат некои важни телесни функции.

Достигнување на вашата најдобра тежина и изглед

Правилна исхрана и вежбање може да им помогне на поединци во постигнување и одржување на здрава телесна тежина и форма. Соодветна програма за вежбање може да помогне да се изгради и одржува мускулната маса. Во исто време, програма за одржување на тежината може да помогне да се намали севкупниот процент на телесните масти .  Само имајте на ум дека вие не може да таргетирате одредена група на масти, како што на пример среќавате статии или реклами: “намалети ги мастите околу стомакот”. Тоа не постои! Единствено, доколку правите и практикувате секојдневно многу вежби кои ги таргетираат вашите стомачни мускули или нозете на пример. Така ќе придонесете да напрвите подобар тонус на мускулите и тоа ќе направи да изгледате послаби.

Достигнување на твојата најдобра верзија ќе биде уште поедноставна и забавна доколку ни се приклучиш на школа за исхрана.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *